Ехеее многу унапред му ја мислиш Не се грижи, не верувам дека одма би биднало, особено ако не е регулиран циклусот
Мене гинекологот ми рече дека сега сум најплодна после пораѓај и најмногу треба да се пазиме. Кога останав бремена лани од одма бидна. Затоа сега ме јаде црвот знам многу блиски одма што останале бремени по пораѓај па децава ни година не им се разлика. Тоа не сакам да бидам искрена
Ти верувам дека не сакаш ама некогаш е Божја волја, како треба-така ќе биде Не мисли толку однапред, ќе мислиш ако треба после тоа
Дали тестов ви изгледа на позитивен? Имам уште 5 дена до менструација и благо пецкање во левиот јајник. Инаку вчера го направив и отидов на работа кога се вратив вака видов.
Ова ти е евапорациска линија, таа што си ја има на тестот за да се појави ако е позитивен. Се појавува од пресушеност на тестот. Затоа валидно е да се чита тестот првите 10мин.
Евапорациска е мила Минатиот циклус и јас вака 5 дена пред добивање направив 2 теста и не ги фрлив, утре дента кога ги видов имаа 2 цртки, а не бев бремена, добив мензис баш кога требаше да добијам. Значи првите 5-10 минути ако не се појави ништо и фрлај, вака само си даваме лажна надеж Повтори го пак, сепак многу рано си направила и има големи шанси да добиеш убави 2 цртки
Негативен тест на ден кога треба да добијам ама не со утринска мокрача, дали сеуште постои шанса за бременост?? Никакви знаци дека треба да добијам .... Некој позитивно искуство?? Правен некој ливане германски тест наводно за рана детекција...
Јас за двете имав негативен тест на два дена доцнење, ама со подолги циклуси повремено. За второто дури по 2 недели доцнење имав многу бледа втора линија, сум останала на крај на циклус. Ако имаш такви циклуси со подоцна овулација некогаш можно е да е рано за да покаже. Почекај неколку дена ако не добиеш направи пак.
Па односите беа баш во средина на циклус тогаш мислам имав овулација... Ќе пробам пак за два дена ако не повеќе среќа нареден месец
Јас по многу тумачење и читање НЗС кој го најдов беше дека нема правила. Дури некаде сретнав дека има и втора овулација од циклус (?!). Такашто, заклучокот е да чекаш најмалку 12 дена од последен однос, па потоа да правиш тест. Мене ми кажаа по ехо дека овулацијата ми поминала пред 21.10 а јас тест позитивен добив дури на 10.11, и бетата одговара како за периодот кога имав последен однос (што беше 29.10). Кај мене само таа стратегија се покажа точна, сметањето според последен однос.
Најчесто на ден кога ќе треба да добиеш и немора да се утринска покажува точен резултат ако имаш редовно циклуси и овулации рани или таман. Доколку си имала касна овулација можно е да покаже негативен затоа почекај 2-3 дена и повтори го. А ако немаш редовен циклус или ти е многу долг, тогаш е друга приказна.
Ми доцни 4 дена негстивен тест, а бев на гинеколог полипи ми најдеа , никогаш не ми доцни како оди со тестоите после колку време позитиивен дава
Dokolku si bremena bi trebalo testot da pokazi, no povtorigo. Dali imas nekoj dopolnitelni simptomi, i kolku vreme ti trae eden ciklus. dali imase odnosi vo plodni denovi?
Обично ми доага на 26/27 ми трае 5 дена, сега више е 31 ден, ќе почекам утре пак со тест имав односи но можеби е некоја среќа сега покрај полипи и лош спермограм Фала ти сепак ❤️