Како расте хормонот бхцг од ден во ден така и цртката ќе се затемнува. Ако правиш тестови секој ден, ќе го забележиш тоа
Рано е, имаме пишувано неколку коментари погоре. Преглед се прави најубаво 6+ кога си. Бремена си, тоа е важно, во случај на јаки болки и крварење ќе одиш на доктор. И побледа линија од твојата значи бременост, едино ако сакаш напраби си бета испитувања и ќе ти покаже дека си бремена.
Закажи преглед за две недели од датата кога требаше да добиеш т.с кога веќе ќе ти доцни 14 дена И да, како што ти кажаа и погоре, во случај на крварење одма да одиш на лекар.
Немој да пиеш никакви апчиња се додека не ти препише доктор во случај на инфекција, за болки и температура смееш само парацетамол, магмезиум ќе ти кажат на вечер по едно и електролити доколку имаш ете температура или настинка.