Порано направен тест побледа црта покажува, како расте бета сега веќе убава и најсигурна цртка имаш. Со лесно
Рана бременост значи ептен рана , мојот беше ваков кога отидов на доктор уште и докторот неможеше да види отидов за 5 -6 дена пак веке се гледаше дека има бременост . Честитки СО Лесно и убаво
Направен на 5ти ден каснење, и се јавив на гинеколог да закажам да видиме и потврдиме. И таа ми вика па добро не ти касни многу а и тестор може да покаже лажно позитивен. У шок сум.
Имаш видлива црвена линија и можам само да ти честитам за бременоста . Од искуство ти кажувам дека нема простор за паника. И мојот гинеколог истото ми го кажа дека многу рано сум отишла на преглед после добиени две црти и два дена каснење од менструалниот циклус но на ехото јасно се виде дека сум бремена дури имаше и срцева реакција така да не се секирај воопшто. Со лесно.
Здраво женички, се извинувам за долгиот текст ние овој месец прв пат пробуваме Последен циклус ми беше на 22 октомври од кога ми заврши бев на гинеколог за редовен пап тест се беше уредно. Бидејќи и кажав дека веќе пробуваме ми даде да пијам фемисан 1 и од тогаш ги пијам секој ден ми рече да отидам повторно за 4 дена за да видиме плоден ден и ми кажа кога бев дека за 3 дена ми е овулација па да имаме секој втор ден и така направивме тоа беше сега од 6ти до 10ти. Периодов веќе една недела сум многу нервозна дури ми се плаче, градите ми се отечени а брадавиците испакнати што никогаш не ми било вака, глава многу ме боли, од време на време имам вртоглавици, вчера сабајле кога станав прв пат после испиено кафе повратив, стомакот од време на време како да ме боде некој, грбот многу ме боли, се осеќам како воопшто да не спијам многу сум уморна и ненаспана? Што мислите дали е можно да има нешто со тоа што денес требаше да добијам но еве уште нема Да напоменам дека се боцкав бета хцг сега во понеделникот на 20ти и немаше ништо <1 беше, но мискам дека сепак беше многу рано може требаше да почекам.. кажете ми ваше мислење многу сакаме да видиме две цртичкии
Ти благодарам премногу, ама навистина ме исплаши па правев уште еден тест кој исто искочи позитивен. Дали ти текнува кога те гледаше на ехо, на кој ден од каснење на циклус?