Во петокот бев на преглед но сеуште немаше срцева реакција ,5та недела бев,се загрижив па направив бета ми беше 29667,дали е ок за таа недела,и во која недела треба да очекувам срцева реакција
Најдобро 7ма недела, 5та е рано за срцева реакција. Бета е кај секој различно, и затоа ако ги видиш границите по недели на гугл, ќе видиш дека опсегот е многу голем во вредностите, бидејќи е индивидуално и кај секој различно.
Дали е можно тестовиве од али експрес да се посензитивни од self clear? Денес направив self clear, има две линии, но сепак мојата линија е посветла, контролната е многу темна.
Такви се на селф клиар контролните линии. Кај мене исто појави ваква линија како кај тебе Честиткиии и лесна успешна бременост
Имаш ли уште од тие од Али? Ако имаш направи пак од нив ако не земи од Лабоквик или Би Сејф . Претпоставувам дека малку се подисплаши од биохемиска недај боже . Јас лично на овие не им верувам многу многу . Инаку да во здрава бременост треба да затемнува линијата секој нареден ден не да бледее . Направи друг за секој случај .
Фала девојки, малце ме уплаши дека посветло од претходниот тест, ама не беа исти тестовите @Алек*** Ќе купам денес неколку лабовик, да сум мирна до прегледот.
Немам од али, затоа зедов друг. Но, во аптеката немаа лабоквик затоа зедов self clear, но денеска ќе земам од друга аптека. Инаку да, ме исплаши малку иако знам дека е различен тест, може различно да покажува.
Не се плаши. Два теста од различни фирми не се споредуваат, а и на Селф Клиар не може да му се верува. Мене ми личи дека се е во најдобар ред кај тебе. Со лесно
Девојки направив и лабоквик, позитивен е. Толку од мене со тестирањето , сега ќе чекам да појдам на гинеколог во 6та недела па можеби ќе слушнеме и срценце . Фала ви за поддршката
Здраво. Имам полицистични јајници и никогаш не сум имала редовна менструација. Требаше на 15ти да ми дојде ,но не дојде. На 24ти бев на доктор ме гледаше вагинално, рече тоа е кај тебе си имаш полицистични јајници и ми даде терапија. После прегледот ,утредента почна да ми тече кафеаво прање еве дури и уште си трае. Во секој момент мислам ќе прснам, му се има ли случено ма некој?