Тече нешто како засирена крв ,но со многу мал интензитет и може да трае многу подолго од она што ти е нормална менструација.
Ќе цитирам и овде Дали е можно да сум бремена или пак се работи за нешто друго? можеби некоја бактерија?
Спремна си за правење на тест , тоа ти е прв чекор (ако си имала односи). Втор чекор, ако не си трудна или имаш кандида, инфекција, бактерија... е тоа гинеколог ќе ти каже а јас ќе ти кажам еден бапски лек како лесно да се справиш со бело прање. На влошка стави бело вино или ракија и така преспиј ја ноќта или на тампон стави кантарионово масло и така носи тампон неколку часа.
Потполно истово ми се случува. Последните неколку месеци добивав ептен редовно. Овој месец немам некои посебни симптоми, освен малце зголемено бело прање (како за време на овулација), повремени болки во јајниците, но не ме болат градите, а додека не ме болат добро онака едно 10 дена знам дека не добивам. До сега веќе требаше да почнат да ме болат Имам односи секогаш со кондом, не свршува во мене, не ни се скинал кондом, не сме имале повторени односи, едноставно нема шанси за бременост. Ама знаете малце... ме сецка на моменти Баш си мислев дека ми се регулираше менструацијата и сега еве До душа рано ми е треба околу 7ми-8ми да добијам ама ме буни што ги немам вообичаените симптоми, кои до сега требаше да се веќе прилично изразени
^ Зарем мора секогаш да ги имате истите симптоми пред менструација? Не би рекла. Телото се менува, а за тоа се задолжени и надворешните влијанија, нервозите, се буквално се околу нас избива од нас. На пример еве и времево, од никаде пристудува, припекува, па бројни бактерии инфекции..Не мора прва мисла при доцнење на циклусот да ви биде "Бремена сум?" и одма паника...Бременоста не доаѓа така лесно и едноставно. Постојат бројни фактори кои влијаат за да дојде до бременост. Затоа без секирации, па нели кога веќе ќе стане апла чудно и очигледно, тогаш има место за паника. Ок?
Со дечко ми имаме односи веќе 2 месеци без заштита пред еден месец ми дојде но ми траеше само три дена,се осеќам чудно жедна сум,често мокрам,а стомакот ми е поголем.Има ли место за паника?
Жедна си -> пиеш многу вода -> често мокриш Ај сега шала на страна, не мора секоја-дури и минимална промена да ја сметате како симптом за бременост. Зачестеното мокрење може да покажува и на некои здравствени проблеми, покачен шеќер во крвта или сл. Не мора да значи дека што и да почувствувате е резултат на бременост. Ако мислите дека има некоја можност да се случило тоа, тогаш направете си тест.
Нема место за паника опушти се. Ние не користиме заштита можи 1 година, па еве ништо не се случило плус ти дошла менструацијата како можи да си бремена освен ако не свршил во тебе поинаку неможе Да се надовразам на мојот пост и да напоменам: Не користиме заштита ама никогаш до сега нема внатре свршено, така
Дали ова навистина помага??? затоа што навистина ќе ме умре !! пробав и со сода бикербона па ќе видиме до утре што ќе биде ..
Вака, кога се зачленив си викав само ќе читам, никогаш нема да прашам за мене ама еве ме и се извинувам ако биде малку подолго сакам да објаснам за да ми помогнете. Летото имав неправилна исхрана т.е не јадев скоро ништо и изгубив 11 килгорами имав 56. Од септември почнав полека поубаво да јадам (како порано) и добив менструација порано, а тоа што добив беше само 3-4 дена и многу малку, не како порано. Сега септември ако ми е редовна требаше да добијам на 27, но ништо уште чекам. А од летото до сега вратив 4 кила имам 60 килограми, сега дали е тоа што почнувам пак наеднаш да јадам и све ми се фаќа, па и стомакот ми е подуен малку или друга причина. Овие два месеца не сакам сама да се плашам мислам дека од неправилното јадење ми се случува вака бидејќи освен тоа што немам овој месец, а предходниот само 4 дена имав, освен тоа немам никаков друг симптом (освен сега бидејќи ТРЕБАШЕ да добијам почнаа градите на допир да ме болат само), а како симптом може и да го наведам тоа што долниот дел на стомакот ме боли (но сепак сега ме боли деновиве предходно не). А и додека имам сексуален однос имам болки во долниот дел од стомакот, не секогаш, може и тоа да е некаква причина што не добивам. Почесто мокрам, но и пијам доста течности. Имам исцедок како и секогаш не е променет, само што е погуст и почест. Да, имам незаштитени односи затоа и пишувам тука. Па ако некој знае нешто што може да биде, дали сум бремена или е поради неисхраната ппред некој месец илии нешто 10то нека ми пише. Знам ќе ми кажете, па напрај си тест што толку се замараш со мислење и се тоа, но неможам немам услови. Секогаш имам некој дома ќе ме фатат и после, а гинеколог нема шанси малолетна сум ќе морам со родител. Може е и од психа пола месец мислам на тоа, секој ден се молам да не е нешто сепак малолетна сум (пола ќе ми кажете па не мислиш дур се е*еш сега му ја мислиш, не осудувајте не сум единствена, такво стана времето, сепак немам 15 години па да кажете нешто ама....сеедно и критики прифаќам). Фала однапред
не сум малолетна али и не сум мн искусна со ова сепак ке ти казам мое мислејне мозно е да е од исхраната стрес,,нервози и мене ми се слуци исто да добијам порано 4 дена или покасно 3 дена највеке,,,исто така ми трае 3 дена менс....еве 1 година како 3 дена ми трае поради неправилна исхрана не витамини и ослабнувајне.....мозно е од тоа...сепак ако сврси во тебе мозно е да е бременост доколку не сврси тогас не си бремена само ти е од тоа исхрана стрес и сл....сепак доколку не ти дојде некако снајди се за тест да си земас...ни јас немам услови за тест но некако со криејне и сл си купувам....ти посакувам срејка.. поз
jas mislam deka mozebi imas poremetuvanje,tvoeto telo mn promeni istrpilo,si oslabela,pa si se zdebelila,mislam deka toa e problemot,i tocno e ako ne svrsil vo tebe nema od sto da se plasis,ali ne mora da znaci,isto i jas nekogas imam problemi so mens,mi trae po 4 3 dena,a ednas mi kasnese 7 dena,seto toa e posledica od nervoza,stres i mn vliae i vremeto jas mislam dek anema potreba da se plasis
Девојче да, рано си почнала со односи НО кога веќе си почнала требало и да се информираш околу контрацепцијата. Можно е да ти е од неправилната исхрана како што имаш потенцирано, или од психата што цело време мислиш на тоа. Тоа што те болат градите, може да е знак дека треба да добиеш за брзо време, можеби си во ПМС, овулациија. Тоа што често мокриш може да е знак и за уринарна инфекција а не мора да значи бременост. Болката при секс не е нормална, и зголемениот густ исцедок истотака. Кажа дека имаш болка во долниот дел на стомакот можеби имаш проблем со јајниците. Стомакот може да ти е подуен и поради нередовна столица. Најдобро е да одиш и на матичен општ лекар заради честото мокрењето чисто да ти биде мирна главата и на гинеколог на кој не мора да си полнолетна за да отидеш. Земи си картонче , кажи не сакаш да ти запишат во книшката и јас истото го направив кога првпат отидов. ( Ако сакаш пиши ми ЛП ќе ти препорачам и гинеколог) А за тестот лесна работа и брза. Одсабајле стани направи додека се спремаш за во школо, пикни го во ташна фрли го во некој контејнер, или пак во училишниот тоалет направи го, и после фрли го ако ти е страв дома. Позз.
тука се потсетив на себеси пред неколку дена...Мене ми доцнеше скоро три недели, па жива се изедов, и јас имав секогаш некој дома, но сепак го зедов тестот, и го направив 10 мин пред да дојде татко ми, се препотив буквално кога го очекував резултатот, се ми се чинеше некој ќе дојде и ке види, а и јас сум малолетна...Ама се испадна во ред, и на крај тестот летна сосе пакување, преку тераса )
Добив денес иако прв пат добивам со големи болки, но ете ми рече мајка ми нормално е да менува , иначе ќе направев тест во недела најдов начин, но сега нема потреба најверојатно . За на гинеколог ќе и кажам на мајка ми да се проверам, но мокрењето ми е од многу, премногу течности, но ќе одам заради болките во јајниците Иначе. фала ви на тие што пишавте, навистина бев преплашена, дури и на дечко ми му кажав и двајцата испаничивме
Една моја другарка пред неколку години преку летото ослабе 10-12 кила, и од септември некаде до декември немаше воопшто менструација, тебе ти се има испореметно се со тоа што си ослабела толку, јади си нормално немој да си го загрозуваш здравјето Да ти кажам за болките, што ти се јавиле прв пат. Јас имав хормонско пореметување кога прв пат ми дојде менструација на 12 год (али да не кажувам за тоа, долга приказна). Го средив за две години и почнав да си имам менструација нормално. Никогаш не ме болеше стомакот кога че ми дојдеше, и еден ден (пред 4-5 години) почна многу да ме боли,, првиот ден кога ќе ми дојди менс. и ден денес ме боли првиот ден значи 4 години истото и се додека не се напијам апче против болка нема преболување. Така да немој да се секираш, нормално е
ај и јас да си ја кажам маката стомакот од време на време овие два дена ме боли како за добивање .. и назад половината исто така .. а сеуште ми нема дојдено .. требаше да ми дојди на 30ти Октомври .. а уште ништо .. си викам дека е до стресот кој го имав овај месец .. поради тоа што си мислев дека сум бремена .. се оптеретував цело време со тоа .. и си велам дека до то е .. инаку .. други симптоми немам .. баш ништо .. ептен малку знаат градите да ме заболат .. ама ништо страшно .. друго ништо .. инаку на 6ти Октомври .. имав менс.. и имав незаштитен секс .. дечко ми тврди дека не сврши во мене .. инаку тогаш ми беше околу 4ти ден од менструацијата .. и после .. уште неколку пати имав незаштитен секс .. ама не свршуваше воопшто од тој страв ... и сеа ме мачи уште помислата дека сум бремена .. (ма да што немам некакви симптоми за тоа) некој да кажи мислење .. совет .. ..
и јас тоа си го велам .. али некако мислата ме јаде .. сепак фала .. кога ќе слушнам од некој вака .. и некако поубаво ми е .. посигурно се осеќам .. хаха