Ozbilno prasuvam dali da napravam test za bremenost ili da ne panicam za dzabe zosto stvarno ne sakam da sum nesakano bremena na internet pisuva se
Ако сте имале со кондом, нема шанси за бременост. Ако било незаштитен може да си направиш тест. Мислам дека не си бремена, од стрес и што мислиш ти касни.
Епа едуцирај се ако не сакаш,како настанува бременост и слично. Претеравте со тресење глупости во темава,не знам зошто постои сеуште
Се согласувам. Темава е за совет и помош и споделување искуства, ама се преминува граница. Секое второ прашање е за (НЕ) возможна бременост, а има и луѓе со психички проблем што измислуваат втори линии на апсолутно негативен тест, или нас не прават ретардирани. Аман ако сакате да се сексате прво посетете психолог да ве среди малце.
Леле, досега читав што се се пишува тука и срам ми е да си го поставам прашањето бидејќи е поглупо од наведените Вака, имам 17 години и вчера имав прв однос со дечко ми, кој исто така беше невин. Ние не толку искусни секако користевме кондоми. Е сега мене цел ден ме фаќа нервоза немој да останам трудна. Инаку се беше под контрола, имавме кондом, а и плус тоа не сврши во кондомот, се договоривме да го извади од мене пред да сврши за секој случај. Е сега проблемот е тоа што бидејќи му беше прв пат малку повеќе го ,,пипкаше" кондомот местејќи го и мене ми е страв немој да имал на рацете сперма и да останало на надворешниот дел од кондомот, го прашав преска, а и сама видов вчера дека воопшто не сврши, ни пред да имаме однос, ни па после тоа. Ама страв ми е немој да имало сперма на пенисот и тој да пипне таму, па да остане после на кондомот и, оп, во мене на крај. Плус бев во овулација. Ве молам кажете можно ли е вакво нешто, без да сврши да има сперма кај него долу и да отиде преку рацете на кондомот? Многу ми е страв, а и пред да ме нападнете, мислам дека не би можело да сум трудна, ама цело време сум под стрес, морав да прашам за да ми олесни, а немам каде на друго место да се обратам. фала ви однапред
Ај прочитај го мојот пост погоре о закажи си посета. Дали кај гинеколог или психолог одбери си. Ама го претеравте веќе. Ако си станала возрасна за секс, значи можеш малце да прелисташ едукативен материјал. Еве 21 век сме има интернет секој, имаш и онлине книги и прирачници. Седнете со дечко то, читајте и олабавете го форумот со ретардирани прашања. Луѓе тука пишуваат за сериозни совети и проблеми
А имаш и достапно видеа за тоа како треба да биде внесена спермата во телото на жената за да настане бременост. Да беше така, ќе раѓавме ние тука секоја година
Нема шанса за бременост, не се сеќирај. Јас 6г со маж ми без кондоми имам односи, само се трга на време и трудна не сум останала несакајќи Башка нит свршил викаш, кондом ставен, сте пазеле Да се остануваше така лесно, до сега цела војска деца ќе имав Пазете си вие пак, кондоми користете. Нормално е да си во паникна, ќе бидеш уште неколку наредни односи и циклуси
Гледав се и сешто, цел ден читам по интернет, ама сакам да прашам лично некој за мислење, реков прв однос ми е, и ако побарам мислење веднаш наоѓате причина да напаѓате, форумов за што служи, велиш посериозни проблеми, разбирам, ама од се што најдов на интернет ми се наполни главата, сакав да прашам некој лично а немам кој, не знам што мешате психолози, и не знам зошто само не пишете што мислите, еве како @mariz
Нека ми прости Господ или пак сакаат да се случи тоа за да го задржат дечкото. Не знам што да кажам веќе,ама иритантно е
Ај ти запрашај се за постов што си го напишала, не џнаеп ни дама што ди напишала и очигледно што сте правеле. Имавме кондом, ама не сврши во него, и плус го извади од мене пред да сврши, ама на крај не сврши ни пред ни по односот. Па од која НЕ свршена сперма би имал он нешто на рацете за да го пренесе на кондомот уз многу пипкање ? Ај плис, доста тролате. Иди разговарај со гинеколог, со мајка ако ти ре срам тогаш сигурно имаш некоја тетка блиска од доверба да ти објасни многу работи
за твоја информација, немам на кого да се доверам, да имав немаше да пишам тука, ама немав избор, а изгледа веќе нема ни да пишувам, очигледно само знаете да нападнете, поставив прашање, очекував одговор, а не вреѓање и ова, она. Убаво и културно прашав, и кажав дека на интернет најдов толку многу различни информации што уште толку стрес ми натрупаа, веќе на форумов не се ни вклучувам
Ако спермата не навлегла во вагината не може како да дојде сперма до јајце клетката, така да уживај си и јас така со женска ми првиот пат се тресевме па ништо не бидна. ПОВТОРУВАМ ако спермата не влегла во вагината не може да забремениш.
https://hera.org.mk/shto-rabotime/seopfatno-seksualno-obrazovanie/ Eve ovde mozete da se obratite i da se educirate, vie sto nemate so kogo da zboruvate. I dobronameren sovet poveke obratete vnimanie na uciliste. Sramota e vo 21 vi vek na 17 godini da ne znaete osnovni raboti, a ste se vpustile vo tie aktivnosti.
Биологија.Не интернет.Во IV одд. се учи за репрудуктивен систем. И за тебе и за сите овие бремениве тука,уште и тестови прават сликаат.Срамота. Машките се повеќе едуцинари од вас. Ниту бременост настанува од воздух,ниту мензис касни така лесно од стрес. Човечкото тело сопствено не го познавате колку е отпорно и јако и колку треба за се лошо. Да бевме од хартија направени,до сега сите ќе умревме. Докторкиве на форумов знаат од прва рака. Пс. Не знам што толку страшно си прочитала на интернет.
Што се напнавте ти и @Konstrakta ? Ако толку ви смета темата не ја посетувајте. Форум е, олабавите малку, тука сме за размена на мислења/совети/искуства. Девојките тука што се млади и прашуваат очигледно немаат каде и на кој да се обратат, отворен е форумот и тука сме сите да помогнеме со знаење и иксутво што го имаме. Ај пошто вас нешто не ви чини та да го избришат форумот ако не па.
Никаков паметен совет не се разменува во темава,затоа што едните исти глупави прашања се поставуваат. Немаме време паметен совет да размениме.
Ти ако немаш време некој ке најде време да одговори фино и културно на нечие прашање. Ова што ви го правите ги одвраќате младите да си пишат и да научат барем нешто...