Здраво на сите. Би сакала мислење од поискусните (особено од оние што биле бремени или сега се).Околу 1 август имав со дечко ми незаштитен однос, но не сврши во мене. од тогаш ми иде менструација 4 пати, но вториот мн. ми се разликуваше, но како и да е значи ми доаѓа. Мн работи изначитав и дека може од предсемена да се остане бремена, и дека може да ти доаѓа до петти месец и како да не те фаќа паника, но најмногу тоа што ме мачи е што во полседно време чувствувам во стомакот како пулс, или терперење или грчеви нз како да објаснам, а доколку би била бремена тоа би било бебето нели.Што мислите колкави се шансите да сум бремена и да ми доаѓа менструација во мојата ситуација, бидејќи нз дали имал некој искуство со чувствување треперење во стомакот, како нешто да ми мрда? фала ви и извинете за долгиот пост
Здраво на сите!Сакам да прашам дали доколку имаме однос неколку дена пред менструален циклус и партнерот сврши во мене и ако останам бремена ке ми дојде менструација или уште одма нема да ми дојде?
^ Теориски тие денови се неплодни, ама може да се забремени. Наредниот месец може да има нешто навидум менструација. Течноста е бледо розева, има малку и трае 2-3 дена
да...ама јас имав овулација на 3 или 4 а незаштитени односи имав,ме на 6 ?е сега ме интересира од кога ке се случи овулација колку дена после тоа јајце клетката моше да биде оплодена т.е колку останува во организмот:?
Sanjickar прво да ти кажам баш непосредно пред да го имам циклусот останав бремена.Инаку последна менструација имав на 12 март, гинекологот според пресметките од ехото ми кажа дека сум останала бремена некаде од 6 до 10 април некој од тие денови, што значи дека менструацијата мене требаше да ми дојде баш тој период.Искрено и јас не знам кога точно сум останала бремена затоа што со мажот имавме често незаштитен секс. Да ти одговорам на прашањето сперматозоидот може да живее во тебе околу 5 дена и во тој период да оплоди зрела јајце клетка.Еден совет немој да имаш незштитен секс затоа што не се знае кога точно можеш да имаш зрела јајце клетка. Јас пред да останам бремена ги избегнувава тие т.н. "плодни денови" ама ете по 5 месеци незаштитени односи јас останав бремена и тоа пред да ја добијам следната менструација.Да не заборавам гинекологот ми кажа и дека откако ќе заврши машкото првиот пат работа истата вечер по вторпат ако заврши таа сперма му била неплодна.Ова не знам колку е точно.
една пријателка моја остана бремена за време на менструација,и јас се чудев како е можно,ама остана Спермата не е неплодна,туку сперматозоидите се со помала брзина одколку првиот пат
Па напрај тест за бременост...А грчеви, ехее ја колку имам, ма то голицка, мрда се движи а нема ништо внатре.
nema vrska .. grcevi vo dolniot del od stomakot mozat da se javat ili pri ovulacija ili dokolku maskoto ne te dovede vo sostojba da svrsis. ili dokolku si nemala podolgo vreme odnosi i naednas posle toa si imala. nema sansi da si bremena
Пред една недела имавме незаштитен секс,но не сврши во мене.Деновиве имав бело прање (како што и секогаш имам пред циклус),а сега скоро и него да го нема.Еве денеска (сабота) ми е 29 ден а сеуште немам добиено. Значи последно имав на 14 октомври.Е сега работата е што јас секогаш добивам максимум до 28ми ден.Со години немам добиено покасно од тој ден.Многу се испаничив. Е сега се мислам да не ми касни од тоа што месецов ми беше преоптоварен со тестови,испрашувања постојано бев под стрес,а и вчера дебело се изнервирав ама сепак не верувам. Ве молам девојки немој да ме осудувате,Ве молам помогнете ми.
^^^Мислам дека и самата го знаеш одговорот. Прво, не свршил во тебе (не се оптоварувај со прашања од типот-а предсемената течност ), второ си била под стрес токму поради испрашувањата и тестовите....знаеш веќе дека сето тоа може да влијае на поместувањето и закаснувањето на циклусот. Немаш место за паника, сепак ако ти касни повеќе од 10-на дена, земи си тест и провери си. Така ќе бидеш најмирна. И уште нешто-релакс, при секое одење во тоаелет не се проверувај и не мисли- еве не доаѓа....смири се, не паничи, за да останеш бремена некогаш треба и ѕвездите да ти се погодат во смисла плодни денови, пливачите успешно да си ја завршат работата.....ајде не му ја мисли толку
Може да ти касни од стрес,од што си била напната последно време.Опушти се и не му ја мисли толку.ЈАс веке две години со дечко ми сме имале незаштитен секс па фала богу до сега не се десило ништо.
Ете ти го одговорот не свршил во тебе, имаш стресови заради школо, тоа е. Ќе ти дојде за некој ден (ако не и утре ), не се секирај за џабе .
па вака ....имав незаштитен секс..но тој е сигурен дека не ми свршил внатре...сепак ме стра од предсемената течност..бидејки од како еднаш сврши после 10/15 мин пак и тој пат беше без кондом ..ми касни 2 дена ..ме болат градите но освен тоа никкави знаци за да ми дојде што мислите дали сум бремена плсс за совет
Сигурен совет не можам да ти дадам, може да ти кажам да си направиш тест за бременост и решен проблем. Или посета на гинеколог. Но, ако е сигурен дека не ти свршил внатре нема место за паника
Постојат некои мали шанси, не заради предсемената течност, туку затоа што сте имале втор пат однос без заштита после толку кратко време. Требало тој да се измие и да уринира, задолжително! Но не сакам да те плашам, шансите не се воошто големи (сепак не свршил во тебе), а тоа што те болат градите најверојатно е симптом за добивање. Почекај неколку дена, ако не добиеш направи си тест. Со среќа!
Ако не свршил, ако е сигурен дека после тие неколку минути не останало ништо на него не се секирај. Градите болат и пред добивање, не го сметај секое реагирање на телото (болење на гради, стомак и се тоа што е вообичаено и пред добивање) симптом за тоа дека си бремена. Ако толку се плашиш направи си тест, ќе си спиеш мирно
Верувам дека ова досега е прешувано милјарда пати но сепак.... Минатата недела за прв пат имав односи, бесе мн теско (за мене) затоа што ме болеше многу, но одевме полека. Но се отказав и партнеро сврши во кондом, (и убаво го исчисти со паломи ) но после тоа имаше допири на голо на половите органи, и орално ме задоволи, и сакав уште еднаш да пробам ... се разбира и вториот пат со кондом. Не свтши во мене, но колку можи ако има останато нешто кај него на пенисто после тоа да биде внесено во мене со пенетрацијата затоа што ме скина? Знам дека одам во крајости но прв пат ми е ве молам за разбирање
Нема место за грижа пошто сте користеле кондом. Друг пат не само што ќе користите кондом, туку и нека го вади надвор кога ќе треба да сврши. ама и вака пак ќе кажам да не се грижиш.