Не си трудна, ама оди на гинколог нека те прегледа и кажи дека се заглавил кондом во тебе, да види убаво да не се скинало нешто да не останало некое парче итн.
Zdravo, denes mi e 9 den od insemenacija i 23 den od ciklus, na brisenje zabeleziv kafen iscedok i imam jaka bolka vo leviot jajnik dali e mozno da e implantacija
Ми каснеше 7 дена и си викам ај да направам еден тест Тестот: Воопшто не е планирано, ме фаќа паника. Со првото ќе бидат 3 години разлика
Девојки ми касни само еден ден,направив тест негативен. За колку време да го повторам тестот т.е да направам пак? Со првата бременост ми покажа позитивен тест само еден ден откако ми каснеше
Пробај пак после една недела ако си бремена ќе покаже и за два три дена ама небрзај ако не ти дојде за неколку дена направи нов.
ми каснеше еден месец умрев од паника да не сум бремена имавме заштитен однос со дечко ми прв пат и после уште два пати со заштита, ми каснеше после тоа еден месец, не направив тест за бременост и добив конечно, ми траела 4 дена, сега ми траеше 3 дена, имав големи болки во стомакот едвај издржував, дали со ова сум сигурна дека не сум бремена, последен пат кога имавме однос беше вториот ден од кога ми каснеше поточно пред 30тина дена, дали има место за паника?
Чим си правела тест, нема бременост. Сигурно ти касни од промена во организмот, стрес поради ете прв однос... и кај мене така беше после првите односи.. Треба некогаш малку време и на тоа навикне организмот, сепак си имала голема промена. Но како и да е, на гинеколог оди. Чисто контрола само. Едит: Сега видов дека тест немаш правено уствари. Купи си тест еден, направи го и да е негативен, оди на гинеколог како и да е.
Ама добив менструација после вчера ми заврши ми траеше 3 дена крварењето, зарем тоа не ми гарантира дека не сум бремена, од последниот однос има 30 дена, имав големи болки во стомакот двата дена од кога добив менструација а вчера беше третиот и ми заврши, да се плашам ли?
Мене искрено 7 дена ми трае и 3 дена менструација ми е многу чудно. Особено што на 3ти ден веќе ти завршила... Ако не користите заштита, мала шанса секогаш постои. Ти каснело многу, незнам зошто не си направила тогаш тест. А крварењево од 3 дена, не ти е гаранција дека не си бремена, има крварења и во бременост.