Женички дали сте приметиле разлика во вашата менструација откако веќе не се пазите и работите за бебенце. Мене од 6 дена ми се скрати на 3-4 дена менструацијата, и овој месец пред да добијам имав кафеав исцедок па наредниот ден добијав. Дали ви се познати овие промени, и поради што мислите дека се произлезени... Фала ви
Според мене или сум останата со односот на 8, 9јули или на 18јули по оваа висина на јцг барем јас така мислам .. претходно се многу рано односите за волку ниско хцг. Ова е мое мислеее може грешам
На 28ми си немала фолекули, значи кај и да е после прегледот почнале да растат. Потребно е горе-доле 2 недели после циклус да настасне овулација. 2 недели од прегледот е 12 јули, сепак не знаеме кога точно почнале да растат после прегледот. Според мене твојата овулација настанала околу 15-16 јули да речеме. Сперматозоидите остануваат живи повеќе денови, чекале јајце клетка и се оплодиле. На 18 јули да ти била овулацијата е помалку веродостојно затоа што денес би било 8ми ден, а таа бета е висока за 8 дпо. Бетата на 8 дпо би била 2-3 отприлика. Во петок би била 12-13 ден по овулација и мислам дека бетата би била 80-90 да речеме. Се надевам ме сфати што сакам да кажам. Пиши ни во петок
Да сфатив јас на 10ден после виклус кога отидов на контрола немаше фоликули нитуеден .. сакаш да кажеш дека од односот на 9јули биднало по твое?? Зашто пдноси имав 6,8,9 и 18 јули. Јас ќе се боцкам сабота и понеделник пак па се надевам овој пат ќе биде се во ред со господ напред
Да, така мислам јас. Имај на ум дека не сум доктор, паталец сум. Ќе биде добро овој пат, позитивни мисли и уживанција
Скоро 99% овде сме сите паталци. Гледам колку можам позитивно да мислаж си отворив боледување од денес од опш доктор на раб ми кажаа да направам така за да не ризикувам поради биохемиската зашто гинекологот неможе сега да ми отвори додека не утврди.
Мене порано ми траеше 7-8 дена, сега 4-5, минатиот месец ми заврши, па на бришење имав розево 2-3 дена па кафеаво.
Здраво девојки! Јас и дечкоми имавме однос на 13јули (не бев во плодни денови) односот беше со кондом но после одлучивме без. Тој не сврши во мене ни ништо такво туку отиде во ВЦ и таму сврши. Е сега сигурни сме и двајцата дека не свеши у моја близина а не па у мене али вчера (25.7) требаше да добијам не добив… Еве денес пак не сум добила и наеднаш повратив од нигде никаде… Имам мали болки у стомак доле одвреме навреме истите шо гии иам коа треба да добијам пијам и јаки антибиотици пошто имам моментално проблем ама малце ме заплаши повраќањево… Што мислите вие имам место за паника или може да е некој виру, промена на клима ..? * Имам 19 години па стваарно сум под стрес сеа.. Секое мислење би ми било добредојден тенкју!!!
Мене ми е страв да земам тест да не се разочарам, денес ми е 28ми ден, обично добивам од 25-28 дена. Ама ќе почекам уште некој ден.
Земи душо нема зашто да ти е страв држам среќа за две цртички земи од Livsane од бети аптека го има мене сабајле на 36 хцг ми покажа со ептен бледа едвај приметна цртка.