Не е работата само да се опуштиш во моментот, да не мислиш, туку општо треба да си релаксирана и со што помалку стрес. Пример еве и да не мислиш за време на односот, да се препуштиш и да уживаш, ако остатокот од денот си под константен стрес и нервоза телото не функционира добро. Повеќе се лачи кортизол, а се потиснуваат хормоните за репродукција.
Со оглед на тоа дека јајце клетката живее најмногу 24 часа после овулацијата, теоретски не би можело да се забремени после тој период. Дали некоја овде останала бремена од незаштитен однос 4-5 дена после овулација? Ми доцни 6 дена иако секогаш добивам точно како швајцарски саат. Единствено логично објаснување за бременост е да овулацијата се десила малце подоцна од календарот поради Х причини.
Ако се ослониш само на календар нема да ја погодиш. Мене ми беше циклусот до минута точен па не овулирав секој месец на ист ден. На циклус од 29 дена, овулирав на 15-16 ден, ама во мај овулирав на 12тиот. Среќа што ја следев редовно со тестови па ја фатив. Ако ти доцни, тест, ќе знаеш на што си, 2+2 не се никогаш 4 во случајов
Се разбира дека е можно покасна овулација. Јас имав таква. Според календарот требаше да добијам 5-6 дена по односот (нели помината овулација) и не добив. Останав бремена со тој единствен однос.
Zdravo posle nekoe vreme eve me pak jas. Na nekoj moze mu smetam jas se izvinuvam ama cetiri dena pren dobivanje pravev test sabajlevo i iskoci vaka
Извини многу ама мене повеќе ми личи на евапорациска, после колку време искочи бледава? Многу рано ти е направен исто така, почекај барем денот кога треба да добиеш, ти посакувам многу среќа и жар цртки!
Знам дека е тешко кога чекаш... и јас сум правела тест пред денот за добивање, но за жал ретко можеш да добиеш одговор. Најдобро да почекаш барем денот за добивање, евентуално ден претходно. Втората црта колку и да е бледа мора да има розевка нијанса, вака за жал изгледа како евапорациска.
Здраво девојки ..последно ми дојде на 1ви август ..и 6 дена ми траеше е сега според календар на15ти мие овулација а ние бевме вредни на 10ти и 12ти .. поради работни обавези моментално дм не е тука и неможеме да продолжиме ..ама незнам вечерва осетив неколку пати кратки бодежи во пределот на матката .. бодежи ама слаби ..како да кажам дури и како скокотливи можно ли е оплодување ? Мислам ств глупаво прашање нормално дека е можно чим пробуваме но ете да слушнам и од вас .. или ваши симптоми дали сте осетиле зачнување и сл..
И јас чуствувам такви бодежи како cramps различнп од овулација си викам дај боже да е нешто убаво имам уште 1 недела до датум за недобивање