Ух, полека. Да да, секако. Ко што рече и друга погоре, не е секој за верување. Циклус е од прв ден на менструација, до следен прв ден на следна менструација, и трае 28-35 дена. И да тогаш можеш да останеш бремена. Додека имаш добиено менструација не можеш да останеш бремена зошто бременост се дешава со оплодување на јајце клетка, а менструација е исфрлање на неоплодени јајце клетки. Меѓутоа можеш да останеш трудна со однос во менструација, со тоа што спермата преживува во телото и може да дочека рана овулација што не е нешто ретко. И јас останав бремена со единствен однос на 3-4 ден од менструација ама тие денови веќе не ни крварам. И те како е релевантно. Исходот често и зависи од тоа како спермата стасала таму кај што требало да стаса.
Душо, не се бламирај веќе. Имам многу такви во околината, не знаат како останале бремени, не свршил мажот внатре, за по некое време сами да се испуштат дека пробувале со месеци.
Не се прави ин-витро само поради непроодни канали, има многу причини, игра улога и спермограмот, и многу други работи, постои и машки фактор освен женски, еве мене ми се проодни па се спремаме за ин-витро.
Дали ти озбилно? Си слушнала за ХСГ? И дека канали може да се средат и дека ИВФ се прави од др причини? И ова другарка ти и гинекологот од систина да не ти го кажаа?
Членката праша зошто тогаш постои инвитро алудирајќи на тоа дека се завршува работа со прсти. И одговорив поради непроодни канали (како една од причините). Не секоја непроодност на канали може да се реши со хсг бтв. Тотално ја промаши поентата на постот, и да бидам искрена затоа и не ми се пишуваше на темава. Очекував ваква реакција зошто форумов го читам одамна. За разлика од вас јас никого не навредив и дадов одговор, мислење, искуство. Тоа што за некоја работа има мала веројатност да се случи, не значи дека е невозможна. Затоа и го пишав постот.
Зошто го имаш пресконтато мислењето од гинелологот што ги имам пишано? Ако не ми веруваш, пиши ми лп ќе ти кажам и кој е. Не сакам јавно, доволно имам лични работи пишано, лесно ќе ме познаат луѓе што ме знаат. Не е невозможно, ама е блиску до невозможно.
Гарант се исмеваат, ако не ти, некој друг. Крај краева не секогаш е исмевање во прашање, едноставно навистина се тресат прашања од ракав од сексуално активни жени кои мора да се едуцираат на секое поле. Крај краева ако е спремна членката да напаѓа и да вади статии, значи дека не е дојдена по помош туку и е досадно па сака да се кара. Не ја брани. Батали ја. Од почетокот муабетот не и беше на место инаку јас сум увек за да одговорам и мразам да се напаѓаат членки беспотребно. Ама ова се беше, само во ред не.
Нормално е дека треба да се едуцираат сите пред да почнат со односи,пред да посакаат трудни да останат или да не останат.Се разбирам,и мене ми е чудно да не се знаат општи работи ама има се и уште и ќе ги има вакви прашања.Не ја бранам јас неа лично,само ете може секој во некој момент нешто да праша и на крај да заврши на тапет.А не се согласувам дека од почеток таа беше дрска.Од кога почнаа со навреди почна да постира извадоци со интернет
Не е за исмевање работава, туку проблемот е тие што сте сексуално активни, да земете да се едуцирате повеќе за секс и како настанува бебе, а не да прашувате безвезални прашања по форуми и да се правете како да сте од Марс паднати. Ако сте решиле да сте сексуално активни, мора да ги знаете ризиците и последиците од истото, а тоа да го научите ве дели само еден клик на гугл.
Се обраќа на сите што не се едуцирани. Ти ако се пронајде, прими совет, ако не, не се осеќај засегната.
Воопшто не се пронајдов,само членката се надоврза на мојот пост за исмевање испадна како да ми се обраќа мене затоа ја прашав.Гледам во множина е напишано
Како најде извадоци на крај? А за неа гледам доста напредни фази на с*кс техники применува, бајаги знаат за пози, начини и сл, а не знаат дали можат да забременат. И да не знаат, ало, гинеколог. Па таму нека и се смејат, нека и помагаат, нека и даваат акал. Јавно да се бламирам вака не би си дозволила и тоа е тоа. Башка да опишувам детално што сме си правеле. Абе ај. Ова ми е еднакво просто како и кога ќе сликаат срамен дел или поинтимен и ќе го лепнат на нет како да може секој да им ги гледа грозотиите , а и сите ние ко да сме лиценцирани доктори.