денеска немаше ништо буквално ни бледа ни никаква линија ... како е можно вчера да се појави одма линијата колку толку ептен малку се гледаше а денеска да нема воопшто..
Дааа Честитки! @Kate.m23 Може поконцентрирана ти била мокрачата и нивото на хцг било повисоко. Почекај уште 2 дена и направи пак..
Здраво женски, пред 3 месеци имавме со дечкоми незаштитени односи 3 дена по ред. Не бевме сигурни дали имаше свршено во мене, но од кога го извади во еден момент веќе свршуваше многу и ми делуваше како уште внатре во мене кога бил да имал свршено. Тие денови баш беа неработни па затоа и некако не земав апче за ден потоа. Мегутоа деновите кога имавме односи беа тие денови точно пред да добијам истиот месец после неколку дена ми каснеше еден ден циклусот, ми траеше пократко и ми беше крвта побледа од обично. Претходниот месец имав добиено најнормално. Најкасно добивам до 3ти, но еве денес е 8ми и ми доцни. Имам читано дека жени и додека се бремени имаат циклус. Исто така би напоменала дека од тогаш не сме имале односи затоа што сме во врска на далечина. Дали да направам тест за да си олеснам? Што мислите вие? Ви благодарам однапред.
Здраво, имам проблем па сакам да споделам со вас и да ми кажете мислење. Последната менструација ми доцнеше само 1 ден, наместо на 24ти ми дојде на 25ти сабајлето. Првите 2 дена ми беше доста обилно и нормално, крвта не беше светла боја. Третиот ден немав воопшто крв, а четвртиот ден имав густ, кафеав исцедок. Тоа и ме загрижи зашо обично менструацијата ми трае по 5 6 дена, друго нешто што ептен ме загрижува е тоа што не престанаа да ме болат градите од pms и сеуште ме болат. Бев на преглед, докторката посумја на бременост, но и кажав дека од менструацијата во октомври до оваа во ноември воопшто не сум имала односи, исто така спомнав дека не сум имала ризични односи ни пред тоа туку само во септември имав заштитени односи со кондом но дечкото сврши во мене и таа рече одамна е тоа нема врска. Ме прегледа на ехо и виде дека жолтото тело сеуште не е пукнато, но рече дека нема шанси за бременост бидејќи ѕидот на матката е тенок. И ми рече иако шансите за бременост се невозможни ти направи си тест утре сабајле за секој случај. Јас направив тест и беше негативен. Ништо друго не ми објасни ниту ми даде некој совет, а мене градите сеуште ме болат и не знам што да правам. Дали некоја имала некое слично искуство?
Можеби имаш некој хормонален дисбаланс се случува често тоа, провери си хормони така најдобро ќе си знаеш.
На каков секрет мислиш тоа ли што го викаат бело перење? Па добро ако се испрани гаќите како може да има секрет?
Па јас и на мои гаќи имам приметено дур бев трудна ептен имав секрет и ако немав секојдневна влошка ставено, гаќите лом и после не се переа скроз убаво и ги фрлав, ме нервираа такви. Иначе да, испрани, обесени, апла приметливо.
Здраво! Менструацијата што ја добив по пиење норлево ми доцнеше 3 дена. Сега овој месец требаше да добиам докај 8ми, мо уште немам добиено. Не се сеќавам да имав ризичен однос. Прашањето ми е дали е можно и овој циклус да ми доцни од норлевото и по колку време циклусот се враќа во нормала?
Zdravo trebase da mi dojde na 9ti kasne mi dva dena imav bolka taj den i ne mi dojde da pravam test ili rano e
Здраво на сите.Во плодни денови имав однос без кондом,двапати секс кај што вториот пат во занес ниту се измивме ниту средивме продолживме брзо.Имаше свршено првиот пат надвор но сум сигурна дека со повторувањево нешто барем ми има влезено.Дали сте имале ваква ситуација?
Не сум веќе памета каде да се обратам,освен што не сум моментално во Македонија па не сум во можност да отидам на доктор,ајде ако некоја се соочила со сличен проблем да ми помогне со некакво размислување,си добивав секој месец на ист датум,минатиот месец прокрварев 9 дена порано од датумот и тоа не почуствував воопшто дека треба да добијам,да се обидуваме за бебенце и бев малку разочарана дека ете прокрварев ама си реков ајде сум добила и нема веќе што да се прави нов месец нови сили,но еве 14 дена од последното крварење јас имам вртоглавици,грчеви во стомакот,болка во желудникот,уморна иако ништо не работам пак чуствувам само потреба за спиење,некој со сличен проблем,не знаев точно каде да се обратам со ова прашање па тука,извинете ако не е прашањево за овде.
Консултирај се барем телефонски. Сега барем тоа е достапно. Исто така можеби ти е само психичка состојба. Стрес, мисли... Консултација обавезно а и види појди некаде на обична контрола таму.
Според моето ако навистина било менструација тоа пред 14 дена рано е,евентуално ако не била менструација туку нешто сосема друго
Мене ми се случи во март да имам крварење два пати во истиот месец.Се испаничив истиот ден бев на гинеколог ми потврди менструација и демек се случувало некогаш од стрес.Од тогаш добивам редовно.Зависи колку било крварњето колку дена,дали беше свежа крв