Позитивен тест не значи оти навистина имало овулација. Или била покасно или е ановулаторен циклус. Односи се препорачуваат од крајот на циклусот до почеток на новиот.
А како би се појавиле 2 цртки на тест за овулација ако тој циклус бил ановулаторен? Значи тестовите за овулација не се веродостојни? Навистина ме интересира, по што може да се забележи дека немало овулација или имало подоцна? Знам дека имаш повеќе знаење околу ова, затоа те прашувам.
Позитивниот тест само сугерира дека овулацијата може да се случи во следните 24-48 часа. Ама стресот, некои лекови или хормонална нерамнотежа може да дадат лажно позитивни резултати или отсуство на овулација и покрај позитивниот тест. Ако се користат како единствен метод не се 100% веродостојни, но може да послужат во комбинација со други методи: 1. Мерење на базалната температура 2. Следење на промени во секретот, нели околу овулацијата станува воден или лизгав и растеглив, како белка од јајце. 3. Може да се јави болка во јајниците за време на овулацијата. 4. Мерење на нивото на прогестерон во крвта околу една недела по денот на кој се претпоставува дека била овулацијата. 5. Со ултразвук може да се следат фоликули пред овулација или промени во јајниците и присуство на жолто тело, што укажува на неодамнешна овулација. Толку ми текнува во моментов
Од завчера почнаа гради да ме болат и тук там како за добивање тапа болки. Вчера дури баш онака ме заболе… Лелеееее не ми се верува….
А како нервозна сум овие денови. Ми се слушна денес молитвата во црква Седиме со другар, едвај чекам да си иде да му споделам на мм. Отидоа до продавница и незнам што ме натера да станам да направам. Пред нг направив негативен беше и толку се разочарав, амааа доста за Бадник само позитивни тестови корона имав, оваа година поубав позитивен тест
Абе кога сака да биди, ќе биди! Оваа година поубаво неможеше да ти започне!! Ти се исплати чекањето, доби најубава вест и тоа на најубава ден!! Многу сум радосна за тебе
Честиткииииии….. Ете ми прва другарка за да шетаме темите. Докторката ме чека во вторник да ме види на ехо. Маж пресреќен, јас волку среќен го немам видено.
Честиткии, што убавоо, на убав ден позитивен тест А за маж, здравје да си го родиш, ќе видиш колку они се радуваат Мојов со бебево е нешто нај убаво што ми гледаат очиве секој ден