Уште сме како во шок, не ми е верно. Вика за некој ден ќе се освестиме. Само со Господ напред да истераме и се да биде како треба
Кога најрано може да се направи тест преку урина после односот? Минатиот викенд имав овулација и плодни денови….зарем не се зачнало…на 17ти Јануари треба да имам менструација…. Во Вторник планирам преку крв да проверам,сега немам трпение
Со стоп инекција , овулација имав околу 22/23 декември. На 31.12 негативен тест, вчера 06.01 позитивен. Муабетот ми е да почекаш уште малце, да не разочараш и да ни залепиш една слика со позиривен тест.
Брааво Со лесно нека ти е и со среќа! по ова што броев, околу 16ти ден од овулација имаш позитивен тест? Па малку се разочарав искрено…а не знам точно зошто, се осеќам како со симптоми за бременост, претходно на пример никогаш не сум се осеќала вака па и од внатре интуицијата да ми вели дека има бременост…. Дали имаше симптоми од 22/23ти па навака?
Јас бев со стоп инекција. Ја примив 20.12 вечерта. Овулацијата до некои макс. 48 настанува. Јас не да бев разочарана. Решена повеќе да не ни идам по доктори. Да оставам што сака нека биде. И тестот вчера го направив да се осигурам дека не сум бремена и да чекам да ми дојде. Ама уште сум во шок и не ми е верно. Може кога ќе чујам срценцето ќе ми стане верно.
Јас не гледам цртка на овој. Може си имала покасна овулација. Мене овој ми покажа бледа на 7,8 дена пред недобивање... ама овулација сум си имала таман на средина на циклус.
Мене овој тест ми има покажано бледа 4 дена пред датумот за добивање,може ти е рано направен си имала покасна овулација почекај уште некој ден. Еве како изгледаше кај мене.
Какви се шанси да останам бремена ако имавме однос со ејакулирање внатре на 02.01 и на 03.01 а тогаш ми беа многу плодни денови според календар. Последен циклус имав на 18.12.23.треба да добијам на 16.01.24 хм.. Баш би сакала да се фатило. Што мислите какви се вашите искуства? Само убавини во Новата година
Ахх знам дека секогаш има шанса, но баш би сакала да се фати, ме преплави некое убаво чувство на среќа и осетливост во градите па велам можеби не е пмс туку
Имаш големи шанси. Мене први симптоми пред датумот за недобивање ми беа: преосетливи болни гради, грчења доле во стомак (пропратени со гасови кои сеуште ги имам, а сум 9та нед) и осетливи непца. Едвај заби миев, жар ми стануваа и ми крвареа...
Ти благодарам за одговорот. Секој е рсзличен знам, ама така се замислив нешто викам да чујам мислење друго. Прееска осетив таква глад и слабост не ни јадев многу, слабост у рацете нез градите ми се осетливи и ко да вријат.. Уште е рано знам, ама ако ми е вака и други денови тоа е тоа..
Ова како јас да го пишувам. Скроз исто. А се чудев што ми е со непцата. За на стоматолог сум, имам да ми се средат малце забите, ама прво да видиме утре со докторката што ќе каже. Градиве ќе ми пукнат мислам дека. Како ќе ставам прслук од утре за на работа незнам. Едвај се истуширав сега, неможев да ставам туш од болка. И грчевите во стомак, за гасови да не зборам ( срам - несрам ама подалеку од мене на луѓето посакувам).
Градите ќе те болат уште, да те утешам Едно време ми престана болката, па за некој ден пак надувани болни. 9та нед, уште ме болат, брадавиците бои менуваат... ич не ми текнува како ми беше со другите бремености. А и со грчевиве и гасовиве незнам што е работата. Дали од киселините имам неправилно варење...
Ич не приметувам бои од што болат и болат. Ама ќе ги истрпам до крај, за овие две линии чекав толку долго, што секоја болка би ја издржала. Само да биде се во ред.
Мојот последен циклус пред бременоста беше на 22.12.2022 и излезе дека бебето сме го направиле некаде во периодот од 31.12 до кај 5-6 јануари... Секој има и различна овулација, порано-подоцна, ама шансите се многу големи. Пуштам среќа.
Благодарам! Како дозна дека си бремена? Чекаше да ти изостане наредна менструација? Памтиш имаше некои рани симптоми?