Доколку ти несакаш едноставно кажи му,неможе никој да те присилува за ништо.Но,ако сакате без заштита тогаш најубаво да зимаш апчиња за контрацепција.Оди на гениколог и ќе ти препише.Вака сепак имаш некој ризик,и на секое ќе се нервираш.
Мислам дека неможе,почекај барем 1 недела да помине.Ама сепак јас не сум сигурна најубаво прашај си во аптека,ќе ти кажат.
Тестовите најчесто се точни неколку дена по изостанувањето на циклусот.Мислам дека има и такви кои покажуваат и порано но не знам дали ги има во нашиве аптеки.
Нема шанси. Сигурно сакаш да дознаеш што побрзо, ама почекај прво и ако ти касни тогаш направи тест. Сега би било џабе.
Nemam dobieno skoro 20 dena strav mi e da ne sum bremena imam napraveno test za bremenost izleze negativen i sega ne mi e jasno zaosto uste nemam dobieno
Ubavko можно е да доцни и од други причини, од стрес, хормонален дисбаланс, антибиотици, итн. А може и прерано си го направила тестот, направи пак, ако е негативен тогаш друго е во прашање. И ако е негативен мислам дека треба да одиш на гинеколог, сепак 20 дена не се малку, можеби имаш некоја водена циста (што не е страшно) или нешто друго, ама најдобро да си провериш.
Последна пат ми дојде на 23 Ноември и со дечко ми имавме однос на 16 декември во текот на сексот се скинал кондомот и тој сврши во мене но ми беа неплодни денови. Сега се мислам дали сум бремена бидејки требаше да ми дојде на 20 Декември но сеуште ми нема дојдено. Дали е рано утре да направам тест?? Би сакала веднаш да дознаам бидејки имам 18 години и не сум сеуште спремна за бебе Ве молам за помош ...
Јас стварно незнам што си играте со тоа свршување внатре, ама стварно макар и кондом со арматура и од плексиглас имал нема да му дозволам да сврши внатре во никој случај. Не ради не сакана бременост, туку ради себе, не сакам секој месец да бидам под стрес ќе добијам или не. И не сфаќам што е толку тешко минута пред да сврши, да го извади и ти или тој, да продолжи со рака или уста и да се ,,олесни" надвор. Ем мирно ќе спиете, ем нема да бидеш под стрес со денови уште на 18 години. Ај да не бидам толку лоша, Мини незнам како си толку сигурна дека не ти биле плодни денови, немој да се ослонуваш на календари како овој на Фемина, зошто тој е така направен да ги покажува плодните денови врз основа на повеќето жени, меѓутоа не значи дека ти спаѓаш во тие плодни денови. Процесот на овулација е индивидуална работа, и кај секоја жена е различен, и за точно да се одредат плодни денови потребен е хормонален тест а не некаков веб калкулатор. За тест на бременост можеш утре да го направиш, поминале 7 дена од ризичниот однос, и менструацијата ти доцни. Утре патот под нозе и право в аптека, се надевам дека ќе добиеш посакувани резултати. И ова нека ти биде лекција за понатака и тебе и на дечкото .
Ве молам за брз совет и одговор.... Ми доцни 1 ден менструацијата а имавме односи со партнерот точно во плодните денови но секогаш со кондом... само еднаш пред да поцнеме тој влезе онака за загревање во мене без кондом но тоа беше 20 секунди... сега ми дозни еден ден, но чуствувам мали вртоглавици, болки во градите и силни болки во долниот дел на стомакот, ужасно ме болат јајницте. можно ли е да сум бремена, утре ке права тест, дајте совет каков тест да купам
Не ти треба тест, не си трудна. Утре рано по сабајле, штом зората зазори, ќе прокрвариш. Под претпоставка дека работите течеле онака како што кажуваш .
мислам дека не си бремена ,али ако ти е у мисла направи си тест ,има повеке добри тестови ,ја немам користено тест за бременост да правам али другарками имасе зимано бебетест розев мислам дека беше,позз
Леле дај Боже да е така оти сум голем паничар не можам да заспијам од мисла пошто читав за ранните симптоми на бременост а јас бас и тие ги имам...или само психа ме мава ама за секој слуцај ке купам утре тест
Марица, девојче, голема си, болки во јајници се и предменструални симптоми и симптоми на бременост, истото се однесува на болката во градите. Еден ден не значи ништо секому се дешава, може си ги настинала јајниците, па затоа те болат и ти доцни. Може и да ти доцни и доколку си пиела антибиотици. Ако си дотолку успаничена, земи си тест, било каков, прашај во аптека, таму ќе ти понудат најдобра солуција, јас од реклами сум го гледала оној Sure check, ама не сум употребувала за да знам дали е добар. Сепак најдобро е да се консултираш со аптекарките.
Марица, типот треба да е Чак Норис за да те затрудни без да сврши во тебе. И доцнење на циклусот 1 ден, не е ништо. Опушти се, симптомите ти се менструални!
значи вака ....последната менструација ја добив на 9.12 ми траеше само 3 дена...4 ден веќе немав...е сега пред неколку минути на хартијата кога се бришев приметив капки крв...а сеуште е многу рано за да добијам...значи треба да добијам на 3 или 4 јануари...а сега сме 24....не поминаа ни две недели откако ми заврши! А што ми беше најчудно откако ми дојде на 9.12 па се до сега градите две недели никако не престануваат да ме болат...значи не можам да се чепнам! Правев тест пред недела дена но беше негативен. Дали може да има нешто....и дали да го повторам тестот пак за некој ден???