Поздрав женски! Мојата историја е оваа: во ноември 2023 спонтан во 5-6 недела(без киретажа). Во јануари резултатите покажаа позитивни антитела на Хашимото, но бидејќи хормоните беа во ред, не ми дадоја терапија. Е сега, последна менструација на 6.02., чекав овај месец циклус-нема. Касни, касни...на 16.03 тестот негативен. Ме пушти вчера матичниот гинеколог пак за хормоните на тироидната и плус б хгц. Бетата 829 Одма денес на ехо, но на ехо ништо не се гледа. Ми рече изгледа е рана бременост и покасно си останата трудна. Утре ме пушти пак за б хцг дали ќе се дуплира и пак ехо. Симптоми скоро никакви освен шо овие дена ме болат јајниците, а сум и преладена. Сте имале вакво искуство?
Последната менструација ми заврши на 26.02, па еве веќе 4 дена ми касни. Во овој период со партнерот имавме однос, но без свршување внатре, а знам дека од предсемената течност многу ретко се забременува, но но е невозможно, но ова ми е прв пат воопшто да ми касни циклусот. Знам дека со годините идат и хормоналните промени, но ајде ќе почекам 10 дена да поминат за да направам тест.
Утре бетата ако е дуплирана значи бременост. Мене со бета 600 и нешто , ми рече има нешто ама не се гледа уште. Сега гледав дека на 09.01 ми била бетата 644, на 12.01 сликичка со точкица имам. Толку мала точка , што едвај се гледа. Веќе на 22.01 срцева реакција. Имам и видео , па затоа и вака со датуми ти пишувам. Јас конкретно бев со инсеменација на 22.12. Си имала баш касна овулација, ама имаш убава бета. Ти пуштам среќа.
Здраво девојки,сакам да прашам дали има некој тест за бременост што покажува дали сте бремена неколку дена пред да ви касни менструација? Јас треба да добијам за 4 дена, ама нестрплива сум, а далеку ми е до лаб да одам за од крв да проверам сега
Фала ти за мислењето Биби Ова со овулацијата ми е касна зато шо имам нередовна менструација, секогаш ми касни па според то и покасна овулација....и никогаш не можам точно да одредам плодни деновино фала на Господ, еве не сум имала проблем да забременам. Само се надевам дека овај пат ќе заврши среќно Ќе чекам до утре па ќе видиме. Се надевам дека ќе се дуплира. Малку ми е грижа за ова со јајниците шо ме болат и почесто мокрам, ме потсеќа на тогаш ко имав спонтан, така ми почна со болки во јајниците и прокрварив но се надевам дека не сум толкав малер Се слушаме утре со нови вести П. С. Среќно и тебе и со лесно
Да не вртиш наназад, јас правев тест да се осигурам дека не сум бремена. Толку многу ме болеше стомак, гради, нервозна, чекав во секој момент да добијам. Ама тестот си покажа две цртки. Верувам дека ти е стрес и страв од тоа што се случило, но обиди се да мислиш позитивно. Напиј се магнезиум да ублажиш болките во стомак.
Жени кажувајте тестот позативен е или не е. Само да напоменам оти тестот не е направен со утринска урина туку е сега. А циклусот ми касни 4-5 дена и имам болки во времетраење од неколку секунди и престануваат и после на пола час пак ги има и се така веќе 4-5 дена.
Еве ме. Бетата пред 2 дена 829, денес 2355 Не се дуплира, туку ×3. На ехото се гледа мала точка од 4.2мм...подолу како уште 1, но докторката ми рече дека сега ништо не можиме да бидеме сигурни и зато да следиме и да одам вторник пак на ехо. Ако не дај Боже, имам болки и крварење, одма да се јавам. Со Господ напред, се надевам дека овај пат ќе се одвива се' како што треба.