На 27 Април за прв пат се напив апче за ден потоа, саат после ризичниот однос. Менструација требаше да ми дојде на 15 мај, ама ми касни 17 дена. Направив повеќе теста, последниот тест на 31 мај, сите негативни. Дали ми касни од апчето или да купам уште некој тест?
Апчето е хормонско и сајдефект му е пореметување на циклусот. Ама колку што знам според блиски, на некои порано им доаѓало а на некои им доцнело. Ако ти се тестовите негативни, не би требало да постои бременост. Јас на твое место би проверила преку крв за да бидам на чисто.
Женски во овулација имав незаштитени односи,тоа беше на 26 27 мај,првиот и вториот ден од овулација.Сабајле се разбудив во 7 повраќав….дали е можно нешто да се случило,искуства.На 14 јуни треба да (не)добијам.
Повраќањето ти е од нешто друго, вирус или нешто расипано. Повраќањето многу подоцна доаѓа.. тек таму после 2,3,4 недели најмалку од позитивен тест или од доцнење.
Dali samo moite oci me lazat ili nesto kako da se pojavuva rozevko,na 28mi den od dobieno,jas sekogas taka dobivam
Ниту јас не гледам втора линија, ми личи и како невалиден, поовтори го за неколку дена ако продолжи да ти доцни.
И мене ми дојде чудно што се размачка иако беше се како по упатство,а после тоа се појави нешто како сенка,ама кај и да е ќе пробие почнав да ги имам сите симптоми за добивање
Здраво девојки. Ми доцни еден ден, се тестирав вчера и сабајлево со тестови од Алиекспрес и ми излегуваат негативни. Месецов правев ХСГ и каналите ми беа проодни. Бевме вредни со мм секако. Немам никакви симптоми, освен вчера слаби грчеви но обично имам јаки болки при добивање. Сега не знам што да мислам. По работа секако ке купам друг тест, се надевам овие од Алиекспрес не се добри
Ako ti docni poveke od 6-7 dena napravi togas test. Sega e mnogu rano, ako ti docni eden den, spored mene. Rano e da pokaze ako ima nesto