Мене од алиекспрес тестовите за бременост ми покажаа бледа линија уште 4-5 дена пред добивање. Најверојатно точно покажуваат, ама ако сакаш пак да провериш земи си Лабоквик. Најефтини се, а исто ако не и подобро покажуваат рана бременост од скапите тестови.
Здраво, имав незаштитен однос со дечко ми во плодни денови а притоа не сврши во мене, од тогаш поминаа 10дена а треба да ми дојде на 19ти јуни , ама цело време размислувам која е шансата да бидам бремена, сепак сме млади и бременост од прејакулат ите како може. Ве молам за мислења не можам да спијам од анскиозност
Не си бремена и не си прави само стресови. Треба свршување внатре за бременост. Шансите од пресемената течност се скоро и непостоечки. Опушти се , ќе добиеш.
Ако несакаш да останеш бремена, ќе си користите кондом, бидејќи секој однос без заштита е можност за бременост. И сама викаш дека сте млади. Заштитете се и од бременост и сексуално преносливи болести.
Јас да се самоцитирам сум заборавила да напишам дека имам како мини грчеви(како предменструални) а не сум го пмс дали си правам филмови од што сум уплашена ама и градите ми се осетливи а ќе кажам не сум воопшто во пмс , јас добивам симптоми минимални во другите случаеви најкасно 5-6дена пред да ми дојде , многу се окривувам ради што ме праша дечкото дали си во плодни денови и јас неубаво пресметав и така не стаде кондом , и по три дена апликацијата што ја водев ја отворив што да видам , highest chances to getting pregnant , му кажав него и тој се уплаши му падна неубаво и размислуваше долго можеби пола саат што направил и делуваше загрижено , не сме многу време заедно повеќе од пола година и некако е затворен чурук карактер и не зборувавме отворено на темава него делуваше уплашено и ми рече се надевам нема да има ништо и двајцата сме 23год ама далеку од брак и спремни за дете,ама знам дека ако бидне нема шанси да го абортирам затоа и се плашам
Епа ќе си користите кондом и ќе го вади на крај да сте 100 посто сигурни ако не сте спремни. Јас имав секс 14 години пред првото дете да го направам, никогаш не ми било pull out метод на заштита од бременост затоа што НЕ Е СИГУРЕН метод.
Имаш шанси ти пишавме. Ти посакувам да си добиеш и следен пат без кондом немајте односи, ако несакаш дете.
Кога најрано да направам тест и кој тест дава најрано најточни резултати, извинете што замарам ама спремам испити и не можам ова да го мислам
На прв ден каснење направи ама може и тогаш да е рано и да е лажно негативен. Ако продужи да ти касни, после 2 дена направи уште еден или оди до некоја лабораторија и направи bhcg.
Добив пред 3 дена циклус, ама нешо ме буни воопшто не ми е обилен како досега, и немам ниедна акна на лицето. Постојано иначе ми искачаат акни, циклусов ме буни за 3 дена 3-4 улошки само ама ради тоа шо ја ги мењам, и со една само ќе истерав. Можно е да сум бремена или трипам?
Немора да значи. На пример мене ми беше таква последната менструација пред бременост, и коа направив тест и беше позитивен мислев дека сум и од пред менструацијата бремена што уствари не беше случајот. Баш после тој циклус останав бремена. Направи си тест за секој случај да бидеш мирна.
Денес ми доцни 4 ден, вчера правев тест self care, негативен. Симптоми за добивање немам, само многу потечени гради. Дали да го повторам тестот или во лабараторија да испитам ?