Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сум бремена?

Дискусија во 'Бременост' започната од marina.maca, 15 декември 2009.

  1. nevenkooo

    nevenkooo Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    [/quote]

    Не си бремена,уживај си.Знам дека е мачно и тепа психа додека дојде,но си користела заштита.Плус партнерот свршил надвор.Замисли како им е на оние што не користат никаква заштита.Колку повеќе го мислиш толку не доаѓа.И јас сум во иста ситуација,100 пати се направив бремена од лубрикант,ќе си го чекам само,тоа ми останува. :)[/quote]

    abe ostaj ti to tuku daj kazete kolku e sigurna analizava na krv ? ajde utre go pram testov ....
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Најсигурна, 100%
     
  3. xxMxx

    xxMxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Хелп!!! Дали има шанса да останам бремена вчера на кондомот се отвори ситно дупче како бемка од страната баш во моментот кога свршуваше??? Го проверивме после со вода и низ тоа дупче излегуваше течност само кога ќе го притисневме силно кондомот...незнам дали е страшно да бараме апче или не?? :(
     
  4. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Јас лично не би ризикувала..Кондомот очигледно бил дупнат... Е сеа да, не се знае дали воопшто влегло сперма во тебе дека како што викаш излегувало вода од кондомот само ако силно го стиснете. Ама од друга страна- зошто да се тресеш до крај на месецот дали ќе добиеш?
    Мој совет е да си купиш апчиња, имаш уште време..
     
  5. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски

    Колкаво и да е дупчето на кондом сепак бил пукнат и за да не се мислиш до наредната менструација јас ти препорачувам да си земиш апче. :)
     
  6. xxMxx

    xxMxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2

    А дали игра улога тоа што не ми се плодни денови?? Пред 2 дена ми заврши менструацијата :|
     
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Офф бее , абе никад неможеш да знаеш, најубаво овој пат земи си апче... нареден пат само при свршување макар и со заштита нека го извади, посигурно е така .. Боље одколку вака да му мислите и да истражувате после чинот .. :lol:
     
  8. xxMxx

    xxMxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Oкеј...а ми беше втор пат откако ме скина и после односот искрварив пак малце...нешто значи тоа?? :worried:
     
  9. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Ништо страшно.. Има девојки кои после првиот пат, наредни 4 до 5 пати имаат малку крв.
     
  10. xxMxx

    xxMxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2




    тоа го знам...ама прашањето ми беше дали то е некаков знак дека нема да останам бремена???
     
  11. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030

    не е знак дека не си бремена, бидејќи не добиваш тогаш, туку крвта е од хименот.
     
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Немаш гајле, не си бремена, спиј мирно ;) Има кај некоишо три дена имаат крварењепосле прв однос. Кај мене пак немаше , па не останав трудна ... :lol:

    нема шо да се плашиш без гајле ;)
     
  13. toothfairy

    toothfairy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Феминки
    Ми треба информација за тестовите Shure check и стринг-тест колку се точни? :?: Бидејќи ми доцни недела дена па и повеќе и ги направив и двата теста (во различни денови нормално) и двата покажаа негативно, што е супер :rofl: . Најверојатно доцни бидејќи сум под стрес од чекање. :smoke:
    Некој совет? :)
     
  14. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Sure Check знам дека се 99% точни, а и мене досега точно ми покажале. За овие другиве прв пат слушам. :) ;)
     
  15. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Фемики би сакала да го споделам со вас мојот (можеби на психичка база) проблем. Вака, дечко ми и јас сме од различни градови и се гледаме многу ретко, што значи дека и нашите сексуални односи се ретки, но ете секој со своите проблеми.
    Имавме сексуални односи на 01.01.2012, втората вечер од Нова Година, многу често го применуваме методот на прекината ејакулација и до сеа не имало никакви изненадувања. И овој пат имавме природна контрацепција т.е метод на прекината ејакулација, е сега ме плаши втората рунда, бидејќи после првата ејакулација тој не уринираше, но знам дека се изми добро и после некое време имавме повторно односи, но многу добро се сеќавам, бидејќи не бевме во алкохолизирана состојба дека 5 минути пред да ејакулира, излезе од мене и продолжи сам. Сум ги прочитала сите форуми за таа предсемена течност и дека се лачи непосредно пред да настане ејакулација, и овие 280 страни од темата „Дали сум бремена“? ги прочитав до последен.
    Последната менструација ми беше од 03.12.2011 до 08.12.2011. Имам нередовна менструација и не можам да предвидам ни кога ми се плодни денови, ни ништо, само знам дека во последно време ми доаѓаше на крајот на месецот, па ми се помести на почетокот еве последен пат ви кажав, и сега уште немам добиено. Но мислам дека на ризичниот однос не ми биле плодни, а и самата на време прекината ејакулација не би требало да бидам загрижена , но психа ме убива, дури ми е и страв да направам тест за бременост, веќе подолго време имам ПМС (деновиве зголемено бело прање и сега овие 3-4 дена имам црвен , на почеток кафеав исцедок и како црвени парченца,но само еднаш дневно, градите секогаш ме болат пред да добијам, вртежи во половината исто така, ми излегоа акни), но никако вистински да добијам и затоа сум многу загрижена.
    Инаку за Нова година бевме во друг град, сменивме клима,надморска висина,поладно беше... Не знам што да мислав веќе, мислам дека и од психата не можам да добијам.
    Ве молам споделете некое мислење. Голем поздрав до сите феминки!
     
  16. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Прво, сум била во вакви ситуации и не вреди да се нрвираш. Оди купи си sure check и мирна главата. Ако е позитивен здравје, не е крај на свет. Ако е негативен, супер, нема главоболки...
    Мене ме буни ова болдираното... а да си одиш до на гинеколог?
     
  17. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030

    Мислам дека најверојатно ти е од стрес.
    Од предсемената течност да се забремени е реткост. Но тоа што не уринирал пред повторно да имате секс можеби ја зголемува шансата.
    Како и да е, да не глумам баба Ванѓа, никој не може да знае.
    Најпаметно ти е да си направиш тест за бременост и да видиш што ќе излезе па после мисли му ја.
    Искрено мислам дека не си бремена, штом имаш симптоми за добивање и викаш дека имаш не редовна менструација ама никогаш не се знае.
    Направи тест :)
     
  18. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Заборавив да напоменам дека пред 9 месеци ми вадеа циста од јајникот хируршки, едниот јајник требаше да ми биде отстранет, но за среќа ми го спасија. Е сега можеби доцнењето ми се должи на самата операција, но самите прегледи после операцијата покажаа одлични резултати. А и нередовноста не ми се среди после операцијата, туку ми доаѓаше на крајот на месецот, а сега на почетокот,но геникологот ќе ми каже најдобро.
    Еве забележав и додека пишувам сега ми се тресат раците од стрес, голема паничарка е во прашање.
    Знам дека тестот најдобро ќе покаже, но ми треба малку поддршка.
    Разговарав и со дечко ми, рече максимално да ја отргнам мислата околу бременоста, но женската психа е малку досадна, па затоа и се решив да пишам на форумот, знам дека ја забележавте несигурноста ...
     
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Клаудија искрено, шанси има. Уринирањето е за да се испразни каналот, бидејќи кај машките е истиот и за урина и за сперма. Миењето не е доволно, тоа е само надворешно. Ти својот организам го знаеш најдобро, но тие неколку капки дневно на кафеаво-црвенкаста крв се еден од симптомите за бременост. Доцнењето може да е резултат на 1001 причина, но реално во твојот случај една од нив е и можна бременост. Не си го дозволувај ова повеќе, ако од одредени причини не сакате кондоми користи антибеби пилули. И нормално деновиве обавезно направи тест, ако испадне негативен ќе се смириш барем ќе се исклучи факторот стрес. Поздрав, се надевам ќе испадне како што тебе ти одговара и памет за друг пат!
     
  20. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030

    Нема зошто да се секираш, што и да е :)
    Не знам дали доцнењето се должи на операцијата-најверојатно не, бидејќи од секогаш ти била нередовна како што кажуваш.
    Нема потреба од паничење и тресење, најверојатно ќе ти дојде бидејќи како што кажав имаш симптоми за добивање...
    Моја другарка случајно забремени и кога јас вака како тебе се тресев ( исто имав симптоми на добивање ама не добивав, а и да кажам дека мене НИКОГАШ не ми доцни а тогаш ми доцнеше 7 дена ) она ми кажа самата дека за добивање знаци немала ни најмалку значи!
    Е сега, да, кај секоја девојка е индивидуално ама верувам дека ништо нема кај тебе.. опушти се :)