Pa zemi si upatce od maticen 100 den mislam deka e so upat i proverisi preku krv,da nemu ja mislis najubavo
Дали е можно забременување од предсемена? Вечерта имавме заштитен однос со кондом + pull out метода. По секс нормално мочање и туш. Утредента немавме кондом, го стави неколку пати но не сврши воопшто. Колкви се шансите за да има останато сперма во каналите од претходната вечер? Знам дека е глупаво прашњево. Ризичниот однос беше пред 10 дена. Баш и ден пред плодни денови ми беа. Треба да ми дојде менст за 11 дена, но уште сега чувствувам промени, бодежи во долниот дел на стомакот и осетливи гради.
Женички хелп. Овој месец ми касни веќе 8 дена (до сега max 3 дена се дешавало да ми касни) Со сопругот имавме незаштитени односи минатиот месец (pull out). Правев 2 теста на 5 ден доцнење излегоа негативни, со првата бременост на 5 ден веќе добив 2 линии ептен црвени.. Ме загрижува дали може од пред семената течност да сум трудна.. Менструални болки имам секој ден и пак ништо, ќе почекам уште 1-2 пс ќе направам уште 1 тест па ако не добијам одам на гин нормално. Сиве денови се нервирам премногу само барам некако да де утешам дека не се работи за бременост, ваши искуства?
Уште 2 негативни теста, прочитав дека полот може да влијае врз резултатот(доколку е машко). Што мислите за ова? Вие кои имате машки деца на кој ден од доцнење ви покажа позитивен? BTW утре закажав на гин само ме интересираат мислења премногу сум испаничена.
Мене на 2,3 дена доцнење некаде со машкото. Нема врска тоа. Ако постои бременост и менструацијата доцни, одма ќе покаже тестот. Не си бремена, од друго ти доцни.
Здраво на сите... Јас сум нова на форумот и би сакала да прашам дали е можно да сум бремена? Симптомите се: Мачнини во стомакот цел ден и во текот на ноќта се будам исто така имам мачнини,агресивна делумно,осетлива на мирис, желба и одбивност на одредена храна,поспана сум,осеќам градите ми се како отечени без болка,одвреме навреме чуствувам како за пред добивање на циклус,телесна температура ми е 37°с исто така немам добиено еден месец и две недели исто така направив два теста негативни. Претходниот месец имав стресен период. Благодарам однапред...
Јас мислам дека не си, до сега ќе покажеше ова е премногу каснење. Може нешто хормоните, оди на гинеколог најдобро ќе ти кажат причина. Секако не е страшно се средува се.
Не е можно и двата теста да се негативни ако си бремена. Хормоните нешто се, или полицистични јајници оди да те видат на ехо ќе ти кажат што е. Инаку и од стрес доцни ама кај тебе е многу.
Здраво, девојки вака касне ми 1 недела веќе правени 2 теста негативни. На гинеколог неможе да се види ништо, освен некое задебелување што може да се јаве и пред добивање и бременост. Ми се врти и многу чести главоболки. Дали има некоја со слично искуство?
Само Бета хцг ќе ти каже дали си или не си бремена, бидејќи може да е и вонматерично. Така да трк во лабораторија.
Сѐ уште ми доцни циклусот, втор преглед кај гинеколог, повторно ништо, само се гледа дека треба да добијам. Ми рече да проверам преку крв, јас за секој случај пак направив тест и пак испадна негативен ама докторката ми рече дека можно е да се изненадиме со бременост.. Ме чуди како на 2 недели доцнење не се гледа ништо.. Слично искуство?
Направи си тест преку крв било кое време од денот, макар што на две недели доцнење до сега домашен ќе ти покажеше. Од друго ти доцни. За коментарот на докторката немам зборови, на негативни тестови како мисли да се изненадите со бременост.