Рано ти е за симптоми такви. Издржа до сега издржи уште малку, не прави волку рано. Ти посакувам две цртки што побрзо.
Пишува дека детектира 25мл ама ете, покажува црта и на помалку. Ако знаеш кога била овулацијта уште поубаво. Јас тогаш бев 9 дена по овулација.
И јас да се пријавам во темава, 10ти дпо, ама немам никаква надеж дека има нешто. Бев стимулирана, имав 3 фоликули од кои еден беше поголем, последниот ден кога бев на преглед, 11ти ден, беше 1.46. Докторот ми даде дополнителна терапија и стоп инјекција. Сега сум на Дабростон, но земам поголема доза. Сите симптоми ги препишувам на лекот, како несоница, отечени и болни гради, на моменти болки во стомакот како за добивање и пред две вечери имав грчеви на спиење. Кога најрано би било можело да направам тест, зошто искрено би сакала да ја прекинам терапијата?
Две недели од стоп инекцијата направи тест. А зошто да прекинеш терапија која ти е дадена од доктор , со цел подршка и помош околу бременост?
Затоа што мислам дека нема бременост воопшто. Претходно секогаш сум имала надеж, сега воопшто, затоа. Да имав барем малку надеж, не би размислувала да прекинам терапија, па колку и да ми е мака од лековите. Психички се спремам за разочарување. Ќе почекам уште 3 дена и ќе направам тест.
Нема разочарување. Првиот пат кога правев инсеменација ( после две години обиди и обиди) без со таква мисла дека готово е, позитивен тест ќе имам. Ама не ни стигнав да го направам, добив. Вториот пат отидов онака, без трошкааа позитива или надеж дека ќе биде нешто. Ја направив со цел да си имам документ дека сум правела и да си собирам за ин витро. Дента на позитивен тест, бев збудалена мислам дека. Нервозна, разочарана од тоа дека никогаш нема да бидам бремена и мајка, бев гледав поворка за Бадник и липтав како мало дете, градите ми идеше да си ги откорнам, со мм се карав за глупости. И земав тест да се осигурам дека сум еден баксуз и дека не сум бремена. Уште ми е сон моментот кога ги видов двете црти. Тогаш кога најмалце очекуваш, тогаш се случуваат најубавите работи. Ти ја посакувам цела среќа и за брзо да ставиш еден позитивен тест.
Ти благодарам многу на убавите зборови. Многу значат. Мене ова ми е 5та година. Доста изгубив поради селење во странство. Секако следно е ин витро. Јас овој пат сакав по пат на инсеминација, но докторот ми велеше као се е во ред, нема потреба од тоа. Ама мене ми е смачено веќе.
Верувам дека ти е смачено. Си примила стоп инекција, значи темпирано пукање на фолекули си имала. Во 21 век со медицината, сите имаат можност да се остварат како мајки.
Пишував на темава слично за т. н лажна менструација и кафеав исцедок. На 15 ти требаше да добијам циклус, но на 10. 07 имав кафеав исцедок и кога се бришам розово. Потоа друг ден прокрварив траеше 3дена и како одеднаш да се повлече. Инаку секогаш ми трае и по 7 до 10 дена ужас. Имав незаштитен однос со ејакулација внатре на 3.07. Сега имам некаков густ исцедок никад вакво немав нити имам прелада ни инфекција. Викаат ако добиеш нема бременост... Често мокрам и нез што е со исцедоков? Имал ли некој искуство вакво?
Еден тест да си направиш и ќе знаеш на што си. И ако си брзо проверена со урино култура и брисеви , да тргнеш на страна било каква инфекција.
Фалати за коментарот, ќе земам сабајле тест.. Се почна недела дена пред да треба да добијам, кратко што инаку трае долго, 2,3дена пробива, па мн обилно неколку дена одливи, па дури се повлече,кожа ми се пали више од влошки. Сега кратко и по се, некаков исцедок.. Прегледана редовно се чисто уредно. Малку ми е сомнително нез затоа седнав да прочитам некое искуство дури проверам. На моменти си викам ма не е.. Чим крварев нема ништо..
Направи тест, ќе знаеш на што си. Јас имав два пати во последните 3 години таква кратка менструација, само еден ден и толку. Бев на лекар, зошто бев исплашена, ама ми рекоа нормално е.
Zdravo devojki. Mi treba pomos. Mi kasni 3 dena i napraviv test mi e pozitiven no so mnoogu slabicka linija. Se trudimo za bremenost skoro 1 godina i pojke. Napraviv i Beta HCG vcera i vrednostite mi se 54.79. Dali sum ili nesum (ne mi se veruva hahah i se plasim da ne imam nekoj spontanen abortus). Sto moze da praem
Нема што да правиш. Бремена си, пиј си пренатални витамини и за 2 недели на гинеколог на ехо да се потврди. Со среќа
Рана бременост имаш мила. Касна овулција си имала , ама бремена си. Витамини, одмор и позитивна мисла. Колку повеќе си позитивна, толку полесна бременост.
Здраво на сите. Имав незаштитен однос два дена пред менструција..т.е. вчера, и за два дена треба по правило да започне циклусот. Има ли шанси за бременост? Дали некоја од вас има останато бремена со однос пред менструација? Инаку, циклусот ми е редовен на 29дена, секогаш точно.
Здраво Нова сум на форумов и решив да споделам со вас. Некако чудно ае осекам па решив да направам тест не е со прв утринска не ми касни имам уште два дена. Дали се гледа некоја сенка или мене ми се причинува