Бетата се дуплира на 48-72ч, твојата јесте да е повисока ама треба да е повеќе дуплирана мила. Ајде следи ја пак
Според бетата си негде 4 недели бремена. Знам по мојата бета, беше баш тука негде таа недела. Запази да ја правиш исти период и иста лабараторија.
Не се проблем неделите, проблем е тоа што 15 јули си го направила првиот тест и бил позитивен, значи сега бетата требала да биде дооста повисока. Таа многу брзо расте во првите недели. Што вика гинеколог?
Zdravo devojki So soprugot se obiduvame da ostanam bremena. Posledno imam dobieno na 08.07 inaku redovna menstruacija na 25 do 28 dena. Imav bolki vo leviot dolen del od stomakot nekolku dena. E sega problemot e sto jas bi trebala da dobijam od 1 do 4 Avgust odprilika, a na 31 Avgust trgnuvame na odmor dve nedeli i nema da bidam doma. Zakazav termin na ginekolog na 30.07 pa neznam dali bi mozela da mi kaze nesto ginekologot dokolku sum bremena ili premnogu e rano za lekar neznam nekako sum isplasena zatoa sto ke patuvam poveke kilometri i na more vo bazen da ne si napravam nekoj problem dokolku sum bremena. Ve molam za mislenje dali da otidam na lekar pred da patuvam ili da cekam do slednata data za dovaganje pa da pravam test? Izvinete na dolgiot post
Прерано е, ништо нема да се види на гинеколог и да си останала бремена... подобро бета хцг да направиш преку крв. Ама мислам и слободно да си одиш и на одмор, па и таму да направиш тест ако треба На гинеколог секако се оди после 2 недели по доцнењето...
Гинеколог нема да види ништо, бидејќи е рано. Еве снаа ми е на почеток на бременост, отидоа пред 10 дена на одмор, денес се враќаат. Покрај море, не ти треба базен. На крајот направи си тест и ќе знаеш на што си.
Здраво имам едно прашање. Поради здраствени причини морав да примам терапија и 7 месеци бев во хемиска менопауза се до операција. После операцијата добив на 7јуни циклусот ми траеше 4дена. Пак ми доцнеше 47дена бев кај мојот гинеколог ми рече имало циста дека ќе пукни при однос и кога ќе добијат да земам Јасмин таблети контрацепција од 2ден на циклус за регулација и до Септември несмеам да останам бремена поради состојбата што бев. Ние имавме незаштитен однос се пазевме ама таа вечер сопругот сврши внатре. Следниот ден јас веќе добив и почнав со таблетите циклусот траеше 3дена ама многу малку крварење. Дали е можно да настане бременост или не. Прв пат ги пијам таблетите.
Сте имале незаштитен однос, сте се пазеле ама свршил во тебе. Значи сте биле невнимателни. Не сте пазеле баш. Со причина ви дале период кој треба да го запазите да не се обидувате за бебе. Не верувам дека си бремена, ама почитувајте го тоа што ти препорачале, највеќе за тебе, да се заштитиш од некои компликации.
Zdravo Femina. Bremena sum 6 nedeli. Sum bila pregledana na Eho i mi rekoja deka e super samo sto treba da cekam za srceto. Muabetot mi e negde drugo. Sum bila 3 dena na Istanbul so drustvo i toa sto me sekira e deka mnoooogu sme pesacele, amaa toaa epteeeeen mnogu po 10k cekori dnevno. Toa sto me sekira e neznam dali sum mozela da praem nekoj problem, dali od pesacenje sum praela nekoja steta toa mng me sekira zostoo odamnaaa sum imala drugi problemi edvajjjj da zabremenim a i se plasam dali se uste e tuka i se plasam da idem na Eho
Најпрвин честитки за бременоста. Инаку ние имавме резервација за странство за 1 мај, јас 5 дена пред тргнување дознав дека сум бремена 4та недела. Сто пати се мислевме дали да откажеме и на крај отидовме. Патот беше околу 7 часа со кола, а таму шетавме 2-3 дена по 7-8000 чекори со паузи на клупа, во кафич и сл. Фала богу се си е добро, немав никакви нус појави од тоа. Закажи си на ехо, оди слушни си срценце. Многу физичка активност не е препорачлива при поризични бремености и дијагнози.
I ja isto so avtobus sve bese okej ne sum imala ni nesto krvarenje ili slicno taka, no stomakot malku me bolese ama isto i prethodno sum imala bolki i doktorkata mi rece deka e normalno zaradi sto se zgolemuva mitrata. sto znamm bree mng se plasam
Знаеше дека си бремена кога пешачеше по 10к чекори? Или тогаш не знаеше уште? Тие други проблеми едвај што си забременила, беа ли поврзани со мирување и слично?
Ne se zamaraj mnogu i ne se preopteretuvaj. Odi slusnisigo srcenceto I uzivaj. Jas ne znaev deka sum bremena bevme vo kafana na edna proslava I ispiv 2 bokalcinja uzo I jas Sega imam malce griza na sovest ama ne bilo namerno tuku na neznaenje. Se nadevam deka se ke e vo red , taka I ti opistise I so lesno