И јас имав ваков, пред доцнење... може и побледа да беше кај мене. Евапорациската е како сивка повеќе, а ова е розе.. може е рана бременост. Земи Би сејф, најсензитивен е.
Да, розевка е.. си се тешев дека е можеби сива.. ќе почекам некој ден ќе земам друг. Уште не знам дали да се радувам или да плачам
Го направив доста мн денови пред очекуван циклус, ќе го повторам сигурно повторно Но како да гледав некоја сенка, затоа сакав да прашам и тука
Феминки сакам да слушнам ваше мислење додека чекам за термин на доктор. Вака последниот циклус ми беше на 7.7 (пошто 3 години веќе пробуваме за бебнце бевме активни во периодот на овулација) на 6.8 имав имплантациско крварење (розевкасто само на палома) од тогаш ги имам сите можни симтоми на бременост, вртоглавица, утрински мачнини, покачена базална температура, замор, промена на бојата на ореолите. Се тоа го има само позитивен тест за бременост нема. Моментално се точно 21 ден од оволација и сум збунета и загрижена. Закажав кај гинеколог нормално, но додека чекам ако може мислење или искуство. Благодарам
Скоро месец поминало од последното добиено до имплантациското, да не не било имплантациско. На колку бреме добиваш? Зашто сите овие симптоми на бременост е прерано да ги осеќаш.
Заборавив да појаснам дека немам редовен циклус, некогаш знае и еднаш на 3 месеци да ми дојде. Последниве 4 месеци ми се регулира малце да добијам на 30 дена. Со првата бременост тек после 7 недели добив позитивен тест па докторката корегираше датум дека била задоцнета овулација и имплантација. Со првата бременост исто од почеток до крај имав мачнини, повраќање до 9ти месец
Испитував и хормони и се, но не знаат од што е. Нередовноста почна пред 6 години од кога се породив, па затоа еве се мачиме за второ. Цело време се трудиме но до сега никогаш не сум ги имала овие симптоми баш како со првата бременост. Тест правев вчера, моментално ми доцни 5-6 дена. Оваа недела имам зачестено мокрење и нагон за повраќање од сабајле после испиено кафе, блага вртоглавица при станување. Овулација следам со тестови од аптека за да може да знаеме кога се плодни денови
Хормоните се во ред? Кога последно ги испита? Тироидните исто ги испита? Инсулинска резистенција? Брисеви, пап, на ехо се е уредно?
Овулација најубаво е пратење со доктор, за да види како растат фолекули, дали и кога пукаат. Спермограм и спермокултура кај партнер, брисеви, пап и по потреба хсг. И за симптоми ти е прерано. На психа ти е или вирус.
Направено е се од испитувања, тоа не е проблем. Не верувам дрка ми е на психа затоа што не сум таков тип на човек сепак ќе видам докторката што ќе кажи, ви благодарам на одговорите
Психата потсвесно како работи, не сме ни свесни. Јас ти посакувам од се срце да ти се исполни желбата и да си видиш 2 цртички на тест.
И јас потврдувам дека психата си работи самата по себе,предходните месеци додека се боревме за бебенце секој можен месец пред мензис јас имав и вртоглавици и повраќања и ред други "симптоми",овој месец останав бремена и имав симптоми само за добивање и очекував да ми дојде но еве сум и пресреќна сум,а сега за сега немам ниту повраќање ниту вртоглавици незнам уште колку ќе ме држи оваа среќа,освен што спијам ко мече во зимски сон
Дури која паничарка сум се мислам да отидам на гинеколог да видам дали е се во ред зошто немам такви чудни симптоми
Честитки❤️❤️❤️ Јас цело сабајле се премислував дали да одам на терминот да не ме пратат на психијатрија Сепак докторката потврди бременост, но сеуште нема срцева реакција. Наредна недела ќе одам пак
Фала му на Бога и јас ја имам таа среќа. Веќе сум 14та недела, ниеднаш до сега не сум повратила или да ми се згадило, буквално никаков симптом немам, освен доле кај матката тегнење нели што расте бебе и се шири Ако не одам да го видам бебо на ехо дури заборавам дека сум бремена. Сѐ надевам и кај тебе така ќе биди, стварно е олеснително.