Честитки, ич не мора ни да проверуваш бета. Ова е и те како позитивен тест. Јас не ни направив бета а мојот уште поблед беше, па еве ме 32 ра недела терам.
Се израдував како за сестра Ете бидна, гледаш? И тоа за колку брзо, браво!! Честитки и со лесно мила! Те чекаме во труднички!
Ви благодарам на сите. Бев да проверам бета, чекам резултати. Искрено се плашам да се радувам сега, додека не ми се потврди се. Во шок сум затоа што овој месец навистина не очекував, не бевме и многу вредни. Чекав да добијам за да закажам хсг. Тестот вчера го направив само затоа што веќе го имав дома, па ајде да не ми стои дома. Па трчав во дежурна аптека по втор. Ке ви пишам после резултати од бета да ги толкувате.
Тоа е секогаш така мила. Кога најмалце очекуваш, тогаш ќе биде. Ете ме и мене, дури сеуште не ми е верно дека сум бремена, ама ете ме стигнав до пола во бременоста. Ќе биде сѐ во ред, само не се оптеретувај многу со бети. Доволна ти е само оваа. Па за 2 недели одприлика закажи си за срценце.
Здраво.....нова сум па сакам да прашам нешто многу страв ме фаќа и паника....значи претходниот месец добив на 8ми септември...а ние со маж ми на 23 24 25 септември имавме незаштитен однос.....а сега на 26 септемви ми се покажа бледа крв и еве веќе 3ти ден имам добиено ама многу малце...никад до сега од кога имам добиено не сум имала волку малце крв....па сакав да прашам дали е можно да сум останата после тоа трудна?
Повеќе е можно да имаш моментално пореметување на циклусот ако си добила на 8септември и сега пак на 26ти.Мислам се случува некогаш и два пати само да не се секогаш толку кратки циклусите.
Да ама јас исто на 23 направив тест за овулација за да видам дали е позитивен и дали можам да останам трудна тој испадна позитивен после 3 дена добив со многу малце крв а јас одсекогаш коа сум имала добиено првите три дена премногу крварам
Па најдобро е да се јавиш на гинеколог и да видиш зошто крвариш.Мене ми се случи лани два пати во еден месец да добијам од кој вториот пат беше само 2 дена сепак потврдија менструација.Или ако се сомневаш на бременост направи еден тест
Здраво девојки, имав незаштитен однос со дечко ми на 19ти август, но тој сврши надвор од мене. Веднаш следниот ден добив и ми траеше околу 5 дена. После тоа, следен однос имавме на 20ти овој месец, кога веќе ми доцнеше циклусот 1-2 дена. До денес ми доцни 9 дена, што не е типично за мене. Пред околу 2 недели имав симптоми како промена на расположението и појава на акни, што ги добивам во секој ПМС. Во последнава година, а особено последниве месеци, сум под многу стрес. Редовно пијам Euthyrox за тироидната жлезда и во последните 2-3 дена имав стомачен вирус. Мислите ли дека има можност да сум бремена или сепак ми доцни поради други причини?