Ова е мојот тест од вчера направен.Првата линија се појави за неколку минути,а таа на средина после некое време.Не знам дали се познаваат двете линии.
Женска, трудничка си. Ова е позитивен тест. Ако толку ти е неверно, земи друг бренд и направи пак денес, ама ова е позитивен тест.
Не знам не сум сигурна мислам во секое време ќе добијам со болките во стомак што ги имам.Ќе почекам до утре па ќе ве известам.
Цел прв триместар така ќе се осеќаш, тоа се најнормални симптоми првите недели. Бремена си, честитки.
и јас така се осеќав, симптомите се исти, направи си утре нов тест за да бидеш сигурна, ама тестов ти е позитивен
Тестот е позитивен. Направи за секој случај утре пак или преку крв провери најсигурно. Јас исто се осеќав така на почетокот на 5 мин до вц одев.
Здраво, последно имав заштитен однос на 05.12 односно во Четвртокот, денес 09.12 при бришење имав убава розева крв на хартијата што иди да биде на 4тиот ден после односот. Последниот незаштитен однос ми беше на 14.11 но не дојде до свршување, по односот добив и менструација. Наредна менструација треба да добијам на 25.12. Ме интересира што би можело да биде крварењето? Дали може да биде имплантациско?
Сакам да поставам едно многу глупаво прашање ама ве молам да не ми се смеете. Дали во теко на бременоста може да се има незаштитен однос со свршување со се? Сепак нели си бремена нема на што да наштети.
Ја знам за на крај се препорачува со свршување за омекнување на грлото на матката и полесен пораѓај. Еве и со родено бебе, не ни прашав за темава. На почеток бев со крварење, на крај со скратен цервикс и односи немавме. Инаку јас би и во бременост заштитен однос, пред се, ради бактерии.
Во нормална бременост, слободно. Како и во секој друг период надвор од бременоста, треба да се проверите за спб, ама во однос на свршување, нема никаква штета. Баш напротив, има истражувања дека спермата помага во омекнување на грлото на матката при крајот на бременоста.