Имала заштитен,ама и крварење после 4ти ден. Претходниот месец незаштитен ама добила менст. Вајда мисли дека крварењето е имплатациско од не заштитениот однос од претходниот месеЦ
Не, знам дека немам шанси за бременост не сум толку глупава едноставно ме исплаши крвта што ја видов и затоа побарав мислење. Не знам дали воопшто тоа крварење може да биде имплатациско.
Да, отиди на гинеколог за на ехо да те видат, може да биде било што. А и направи тест на 2 недели од ризичниот однос, ќе знаеш за сигурно. Има секакви случки и крварењето може да е од многу причини. Не паничи, се случува..
Zdravo devojki pravev test vcera prvite 5min bese so edna crtka po nekoj cas sakav da go frlam no koga go poglednav imase nekoja senka ili crta e. Praven e na 3dena pred ciklus. Dali ima crtka ili dzabe nadez
Здраво на 21 ноември имав ризичен однос последен ден менс сега на 16-17 декември треба да добијам Направив тест денеска беше негативен Но осекам болка во градите и половината Рано ли е за тест? После тоа немав ризични односи
Не се гледа никаква линија, не и давајте лажна надеж на членката дека има линија на тестот на сликата. Пишува на секој тест за колку време би требало да се појави линија од 3-5мин обично. После тоа тестот се смета за невалиден, се јавува евапорациска линија.
Членката нема добиено, ако и касни нормално дека ќе направи пак. Имало мн случаеви, пријателка моја вика првиот тест го направив на работа немаше ништо и го ставив во ташна да не го фрлам да го видат колешките. Дома кога дојдов имаше бледа линија после др ден вика зедов и дома направив исто појавила линија одпосле. Кога почнало да и касни одма покажало со третиот тест. Така да нека проба уште еден тест ако и касни нема тука лажна надеж.
Коментарот се однесуваше за споделената слика од членката, никаде не гледам дека има напишано да не направи тест доколу и касни. На секое упатство убаво пишува дека тестот после 10мин не е валиден и се појавува линија која е ЕВАПОРАЦИСКА.
Да но се гледа бледа линија на тест делот, се гледа дека со блиц е сликано па посветло изгледа. Затоа и така ја посоветува членката.
На тема кога да се чита - овој пат го направив многу рано (околу 5 дена пред очекуван термин за менструација), чекав 5 мин. ништо не се појави, го сликав со и без блиц ги имам сликите во телефон, апла нема ништо. Го заборавив некое време во купатило и кога отидов да го фрлам се гледаше многу бледа линија. Не бев сигурна дали е евапорациска, купив одма уште еден, се појави исто покасно. Секој нареден ден беше потемна. Така да не е увек два плус два четири .
најдобронамерен совет правете тест кога ќе ви касни ден два оти и јас направив пред да треба да ми дојде испадна негативен и чекав да стаса е кога веќе ми каснеше 4 дена земав пак и испадна позитивен со многу малку бледа линија ...