Здраво девојки. Циклусот ми доцни веќе 10 дена. Претходен месец ми дојде на 11.11 а во октомври на 14. Вообичаено имам регуларен циклус. Вчера направив еден тест беше негативен. Денеска направив втор и има како некоја црвена гребнатинка на него. Дали некој може да каже што би можечо да значи тоа? Имам ли причина да се плашам? Поздрав. p.s Гребнатинката се избриша со влажна марамица, да беше од самиот тест внатре немаше да може да се избрише, нели?
Ај ве молам еден совет. Имав спонтан во мај. Па после неколку месеци нели нормално пробуваме за бебе, арно ама секој месец уште ми касни по неколку дена, и веќе смачено ми е од правење тестови и негативни одговори. Од претходниот месец (пошо праев тест и излезе негативен) си реков веќе нит пазам, нит гледам нит се оптеретувам со тоа да останам трудна. Ама еве и месецов 4дена веќе ми касни. Болки во гради и кучма имам веќе некои 6-7 дена, а абер од добивање немам. Дајте утеха нешто До кога да чекам.. дали да чекам и сл .... пред два месеци праев брисеви, пап, све беше ок
Уште си под стресс, очигледно затоа телото така ти прави. Само би те советувала види направи хсг ако немаш направено , обично после спонтан знае да се запушат јајцеводите. Земи малку пиј мака од 500 мг и метилфолат и опушти се. Најде причина за спонтаниот абортус? Испита мутации?
Матичната ми рече да направам торч. Ама немало реагенси до нова година, а којзнае дали и после нг ќе добиеле. А на приватно секаде кај што ги прашав, ми шепкаа не прај тука, не се веродостојни. И останав на тоа да чекам да добијат реагенси. Инаку не сум од Скопје.
И плус кога се случи спонтаниот, имав два страшни стреса, (еден ден по друг) што претпоставувам дека тоа беше причината.
Епа почекај ако не испитај уште неколку работи, смири го телото. Знаеш мене така ми рече докторката телото кога е под стресс не е добро место за да се вгнезди една јајце клетка и да се задржи. Ја отфла телото... Имаш време испитај после нова година хсг, мутации и торч па ќе бидеш на чисто. Поздрав со среќа.
Napravi test so 4 dena kasnenje bi trebalo da pokaze dobra linija ako si trudna. Ama da, i od stres znae da kasni.
Фала ви на сите. да даде Господ сите да си дочекате позитивен тест, и све да биде како што замислувате
Здраво жени, Со мм пробуваме за бебе 5год. На почеток на месецот правев ХСГ, после 2 дена имавме односи, исто и во деновите на овулација. Од деновите на овулација до сега (денес 9 дена после оцулација) имам болка во брадавиците, а пред 4-5 дена и остра болка во јајниците особено при мирување. Направив 2 теста-негативни ( за 5-6 дена очекувам менст. Пошо циклус ми е на 35дена) дали рано ги правам тестовите или немам шанса за бременост?
Не знам дали е соодветна темата,ја читав и имам неколку прашања не сум искусна. Некој беше напишал овде дека и невина можеш да останеш бремена, исто така дури и ако сперма допре малку до внатрешноста на вагината, колку е точно ова?
Здраво, имав “ризичен” однос на 21, требаше да добијам според апп на 22, сеуште немам добиено. Знам дека сум со покасни овулации не ми е како според апликацијата, меѓутоа не знам дали може толку касно да сум имала овулација и да се зачнало. Последна менс на 20 ное. 15 месеци сум пп и сеуште дојам и освен последниот циклус што ми дојде на 36 дена претходно откако добив ми беа редовни на 32 дена. На 26ти имав кафен исцедок и малку розевкасто, дали може било имплатациско? Само еднаш беше и толку. Претходната бременост немав имплатациско крварење, не сум запознаена како е. Направив два теста негативни, меѓутоа доколку има нешто кога би покажало кога да тестирам? *прикачувам слика од апп, 21 ни беше со свршување другите срценца не беа ризични* Извинете на долг пост.