Здраво, пред 4 месеци се породив од тогаш имавме 3 пати незаштитен однос но со сигурност не сврши во мене, менструација добив уште првиот месец и последна ми бесе на 5 декември, но на 20 декември имав некое крварење кое личеше на менструација и траеше 3 дена , утрово почуствував гадеење и се посомневав дека можеби сум бремена , сеуште ми е рано и се чуствувам исплашено, дали да направам тест ?
Направи тест, само така ќе знаеш. Инаку последната година, јас 10 дена пред циклус имам лошење. Буквално исто како да сум бремена и тоа само наутро. Веднаш штом се разбудам јас имам нагон на мачнини и на лошење, додека ми тргне денот јас сум хаос.
Здраво на сите. На 13ти декември имав незаштитен однос, но со сигурност не сврши во мене туку надвор. Морам да напоменам дека на 21ви ноември се напив норлево и добив на 25ти беше све океј. Прашање ми е дали може да се измести циклусот поради апчето? Требаше да добијам некаде 25/26ти декември но ништо. Направив неколку тестови и сите беа негативни. Последниот го нправив завчера исто негативен. Дали може да не покажува тестот од односот на 13ти декември?
Норлево мислам се пие во први 48 саати. Не после една недела. Нека ме поправи некој ако грешам, ама мислам дека е така.
Тоа беше друг однос пред тоа, го испив одма, нема ништо од тоа. Велам добив после 4 дена од испиеното апче, само напоменав дека пиев норлево.
Мислам мн е достапно Норлевово во аптекиве го даваат како бомбони. Да не е толку достапно може ќе им текне кондом да купат. Овде колку читам дека се пие да се чудиш. Скроз неодговорно па и без грам познавање само да се пие. Стај те механичка спирала една за 50 еврА.
Мислиш дека нема простор за паника од бременост? Дали ќе кажеше некој тест досега да имаше нешто од одмосот или уште е рано?
Zdravo edno prasanje...posledna menstruacija imav na 21 a imame i nezastiten odnos....od vcera imam na gradive peckanje i me boli mnogu dole stomakot dali moze da ima bremenost?
Треба строго до рецепта да се издава. Не е ова сега што ќе кажам наменето за членката што пиша. Ама, има девојки кои го зимаат често, а воопшто не е наивна таблета. Комдомите ем од бременост, ем од болести ќе ги заштитат.
Да да,продават како бомбони, пре би норлево него кондом, мажи ретко се наоѓаат со памет на млади години па сам да стае ама женскиве да си стојат на тоа стај заштити се. Немам коментар незнам што влагам во темава да се нервирам.
Барам стрип тестови за бременост или им велам да ми дадат од најефтините ако веќе не знаат. Обично се околу 30 ден, спакувани во фолија по едно или две не ми текнува, не се во кутија.
Женски, што мислите? Има простор за паника или ми касни од апчето? Тестови направив три беа сите негативни а требаше да добијам на 25ти декември. Последниот го направив завчера исто негативен. Дали е рано ако има бременост да покаже тестот или не?