Ќе добиеш во меѓувреме сигурно, поминато е многу време.. овде сме многу членки што броиме 10-12-14 денови по овалуација за тест и имаме резултат. А не па скоро еден месец. You are safe, смири се само, немаш простор за паника.
Дај Боже да добијам, дај Боже... Не беше тестот направен со прва мокрача туку со втора, дали менува нешто многу?
После 1 месец и неколку негативни тестови не менува ништо.. менува на нас што чекаме до ден позитивен тест. Ама знаеш што ќе смени? Малце повеќе едукација, отвори ги сите теми овде и прогуглај повеќе за се останато, чим си сексуално активна мораш да си запознаена со се. И користи заштита за да избегнеш вакви несакани случки.
Знам дека е така, само моментално сум под голем стрес а кога сум под стрес не размислувам за ништо само седам и се тресам од страв, пусти страв не ме остава да размислувам рационално, секогаш имам што ако? А знам дека е како што ми викате само пак ми е страв и стрес.
Менува, ако меѓу првата и втората поминале помалку од 3 саати. Тест ќе покаже бременост 10 дена по оплодување. Гинеколог ќе види бременост по 4 недели од оплодување. Ај сега купи уште еден тест и утре со прва мокрача и издиши. И користете кондом ако не сте спремни за деца.
Му кажа на докторот дека си пиела апче? Ако си кажала и он е свесен дека касни од него, бета хцг е најсигурно од крв,ама после апче и толку време нема шанси да постои бременост
@angelche16 кога веќе влегуваш во однос секогаш постои ризик и самата си свесна. Многу лошо си правите со норлево, штетно е, ремети хормони, не си бремена, но од стрес и од хормонското апче се ти се поремети, знаеш и самата, но сега не размислуваш рационално заради тоа што си напната. Мораш да се опуштиш и не мисли, гледај апчево да ти е ум за друг пат да не правиш непромислени работи, се знаеш што и како треба. Секогаш на прво место да ти е сопственото здравје.
Не, апчето ми е испиено 17 ноември некаде а добив на 25ти ноември, односот друг ми беше на 13ти дек а на 25 дек требаше да добијам пак а не добив уште, скоро месец е поминат од односот сите тестови досега негативни. Изгледа касни од апчето, а докторот знае, му кажав да.
Леле, дај олабави и да си бремена, а НЕ си, илјада посто, ќе абортираш штом не сакаш бебе и готово. Како што ти пишаа погоре, едуцирајте се и нетуку голтајте што ќе ви падне на памет, 21. век сме... овие муабети ме потсетија на народната "сака да се е*е, неќе да му влезе".
Искрено мое мислење е дека премногу си под стрес и поради тоа плус ти доцни а имаш пиено претходно и апче за ден потоа кое ти го има изместено циклусот. Од односот има поминато скоро месец, имаш неколку тестови направено откако ти доцни така што до сега би требало да покаже ако дошло до бременост.