Devojki molam za mislenje! Na 21jan treba da dobijam, denes imav rozov iscedok, dali e rano za implantaciskokrvarenje? Nekoj so slicno iskustvo?
Здраво на сите, Сакам да го споделам мојот случај и да прашам дали некој со слично искуство може да ми даде совет или да сподели свое искуство. Во месец октомври направив прва инсеминација со кломифен и примив инекција еден ден пред процедурата. За жал, таа инсеминација беше неуспешна. Во ноември направив пауза, а во декември ја направив втората инсеминација, која се случи на 23 декември. Од 26 декември до 9 јануари користев вагинални таблети Cyclogest. Мојот редовен циклус требаше да започне на 4 јануари, но денеска е 16 јануари, а од 4 јануари досега имав само еднаш неколку капки розова крв. Немам никакви други симптоми, освен што понекогаш чувствувам болка во долниот дел од стомакот. Искрено, имам страв да направам тест бидејќи ми е многу тешко кога гледам негативен резултат. Дали на некој од вас му се случило нешто слично? Би ми значело многу ако го споделите вашето искуство и ли совет.
Нема Нели читаш дека и е страв тест да направи @Anonim94 мораш да направиш тест,за во случај ако си бремена да го известиш докторот и можда ќе треба некоја терапија да ти се даде/ прекине. Ние овде не можеме да знаеме дали си трудна или не.
Утре ќе направам тест и ќе ве известам за резултатот. Се надевам дека овој пат ќе биде позитивен, бидејќи негативните тестови веќе ми се многу тешки.
Токму што направив тест, позитивен е.. но почнав да имам и крвавење. Сега ја известив докторката и сум на пат да одам на преглед со ехо за да видиме што се случува.. Многу мие страв..
без паника секоја втора има крварење не се плаши ќе ти даде терапија докторката пиши што си направила и со лесно бременоста
Може не е ништо, ако видите бебе на ехо (а треба да видите бидејќи си веќе 6 та недела отприлика) ќе ти даде терапија.
Бев на ехо, имаше бебенце само не се гледаше јасно бидејќи сум многу мала. Утре наутро треба да направам тест преку крв за да се види посигурно. Повторно ми препиша терапија Cyclogest. Сè уште сум изненадена, не можам да поверувам дека конечно, по 4 години обиди, сум бремена.
Бев на ехо, имаше бебенце само не се гледаше јасно бидејќи сум многу мала. Утре наутро треба да направам тест преку крв за да се види посигурно. Повторно ми препиша терапија Cyclogest. Сè уште сум изненадена, не можам да поверувам дека конечно, по 4 години обиди, сум бремена.
Прекрасно мирувај сега и наредните денови лежење во топло и јас имав ист почеток еве сега сум 20 недела ❤️