Бетата треба да е над 5 за рана бременост, а со оглед на тоа што ти доцни 2 недели, ова не е позитивна бета.
За жал овај месец не,негативно е.На две недели доцнење може и на ехо да се види.Оди на доктор од нешто друго ти доцни
Ама ова не е резултатот со бројка мислам, само позитивно негативно. Јас мислам дека е позитивен, односно поголема е бетата од 1. Направи бхцг со бројка, не со позитив негатив.
Негативен е. Ако ти касни 2 недели тогаш би требало да си 6 недели трудна а бетата ќе биде над 300 може и повеќе, кај тебе е под 1.
Добар ден , 12дена ми касни ,инаку имам редовна менструација ,се обидуваме на второ бебе ,правев 2 теста испаднаа негативни ,ваше мислење можно ли е да сум останала бремена покасно или не е нешто друго ( утре проверувам бета и хормони )!!!
За скоро две недели каснење би требало да имаш јаки две цртки ако си трудна. Закажи си за рутински преглед да се види што е.
Фала ти многу утре ќе идам секако. Се сомневам зашто имам мачнини и повраќав од сабајлево за прв пат после 12 дена
Може некогаш од клима, стрес, хормони да ти доцни или ако скоро си била болна, ант ако имаш пиено.. Може и подоцна да си останала бремена ама ако добиваш многу подоцна. Многу зависи на колку циклус имаш најчесто и дали знаеш кога ти е овулацијата.
Здраво членки, Првиот тест го направив после 4 дена доцнење и ми излезе силна црвена втора линија. Имав благ дискофорт во пределот на стомкот и доста чувствителни гради .Пет дена потоа ,имав силен стрес и ме болеше стомакот ,отидов на гинеколог и виде дека сеуште не е импантиран ембрионот. После цел ден Благи болки и нешто налик на најблаго розова трага при бришење, направив тест кој излезе пак позитивен, но со побледа линија. Дали е можно да се работи за имплантација или за губење на плодот? Градите престанаа да ми бидат чувствителни . Имам термин на гинеколог дури за 4 дена .
Ако не е имплантиран т.е зафанат плодот од кај позитивен тест Бета се лаче од коа ке настане имплантацијата
Не ми е јасен моментот со не е имплантиран плодот, да не не можел да се види на ехо, не може да не е имплантиран.
Според гинекологот ,немало знаци на прикачување на плодот во матката ,што значи или дека сеуште не е спуштен и вгнезден во матката.
Освен да следиш бета нема друг одговор на почеток дали е во ред или не, рано е за да се види на ехо. Од иста фирма правеше тест, и во исто време?