Побарај си упат од кај матичниот, 100ден е бета во синлаб. Ќе си бидиш на сигурно, за 48 часа треба да се дуплира.
Прво без паники, рано е да се види уште плодот дали е во матка вгнезден, а во врска со розовото секоја втора има розов исцедок само прати да не почне црвен да биде тогаш право во болница да ти стават поддршка, може да си направиш бета преку крв да се види дали правилно расте. Со среќа !!!
Женски сакам да ве прашам па да се осигурам дали е можно да сум бремена или пак да почекам да направам нов тест и можеби ќе се усреќам. Ми доцнеше менс.околу 3 дена прв пат, бидејќи секогаш ми доаѓа навремено со никакво задоцнување ниту со ден ниту со повеќе. Арно ама кога видов дека и на третиот ден не ми дојде малку се радував и почнав да добивам надеж за бебенце. Денеска кога отидов во вц видов како кафеав исцедок, но претходниот ден не ми трпеше душа и направив тест за бременост кој испадна негативен. Моето конкретно прашање е од прилика колку дена може да трае исцедокот и дали е можно да се има некоја блага болка како пред да ти дојде менс. Океј е знам дека не требаше тестот да го направам нс третиот ден, но мене душа не ми трпеше. Дали да направам нов тест после една недела?
Тестот обично би требало да покаже на 3 дена доцнење точен резултат,освен ако си немала покасна овулација.Па почекај да видиш дали е исцедок или крварењето ќе пробие.Можеш и утре тест повторно да направиш
Добиваш циклус До вечер види како ке биде ако престане крварењето прај тест сабајлето ако појача циклус е Ја мислам добиваш
Извини не сум стручна бидејќи ништо не ми е јасно од причина што немам искуство. Ти благодарам многу.
Најубаво е да почекаш да видиш дали ќе добиеш или не.Кафениот исцедок можи да се јави на почеток на бременост или почеток на менструација.да ти задоцни и тоа е нормално,се случува.Сите велиме секогаш ми е тоен циклусот,ама верувам дека 90% од нас не обрнувале внимание толку многу на симптоми и не броеле денови од циклус пред обиди за бебе.
Јас на денот на добивање имав кафен исцедок и ми траеше три дена после ми престана и тогаш бев бремена.
devojki zdravo vcera imav nezastiten odnos so decko mi dali ako se napijam norlevo utre ke moze da dejstvuvq toa apce i dokolku pravam test za bremenost posle kolku dena ke moze da pokaze tocni odgovori
Ми треба мислење, 10.02 Понеделник бев на ехо се виде на лев јајник фоликул кој само што не прснал и ендометриум 8 мм . Докторот кажа бидете активни овие денови матката е совршена за бременост . По правило требаше да добијам на 14.02 Петок и јас од радозналост направив сабајлето тест и беше позитивен со бледа црта, дента имав грчеви и светло кафеаво на бришење два три пати и толку попладнето направив бета и испадна 10.04. Утре планирам пак да повторам бета. Што мислите зар може за три дена од непрснат фоликул да дојде до бета 10.04?