Здраво дечки. Се работи за моја братучетка која има 19 год и сака за прв пат да има односи со дечкото, па ме прашуваше мене што и како но не ми верува, и решив да пишам овде па да и покажам повеќе мислења. Се плаши да има односи со заштита бремена ќе останела ако се скинел кондомот, а и реков тоа не се кине така лесно. Плус читала дека и пред свршување се лачи некоја течност која содржи сперма. Исто, не и е јасно кои денови е плодна. Сакам да и докажам дека сепак не се останува бремена толку лесно.
Нека симне апликација за следење менструација на пример Flo таму може да следи плодни денови. Најнеплодни денови се неколку дена пред циклус ама пак заштита мора против непосакувана бременост.
Нека посети гинеколог и најдобро ќе и објасни. Во теорија плодните денови се околу 14-16 ден од циклусот ама во пракса не е секогаш така. Плус без разлика на кондомот, машкото нека не свршува внатре во неа и покрај тоа нели што би имал заштита.
Денес повторно направив тест, за жал негативен.. Денес ми е 26ти ден, обично веќе на 26-27 ден добивам редовно (многу ретко најкасно на 28ми ден). Немам ниту розов исцедок каков што секогаш ми се појавува пред да ми пробие, имам само проѕирен исцедок последниве неколку дена поизразено. Не знам што да мислам повеќе, се надевам ќе видам 2 цртички..
Добро не сме машини луѓе сме не мора секогаш точно да доаѓа. Почекај, има до 10 дена толеранција. Ако и понатаму е негативен тестот а ти доцни повеќе од 10 дена оди на доктор. И јас ти посакувам две цртички, среќно.
Здраво нова сум на форумов и имам мала дилема па би сакала да споделам со вас какво е вашето искуство со тестовите
Премногу мокрача имаш ставено на тестовите,ама ѕирка втора бледа линија,ми личи на рана бременост. Повтори уште еден тест,за два дена. Среќа држаммм
фала за брзиот одговор секао ке направам уште еден сакав да се осигурам. Кој се подобри шур чек или другите ваше искуство?
На тест за бременост кој сакам да го зачувам за спомен му избледува црвената линија. Има некој трик да остане?
На таа бета нормално е да не се гледа ништо, рано е. Битно е да се дуплира правилно бетата. Појди за недела дена на ехо ќе се види.
Во кутијата негова си стоеше, и во фиока. А в соба не е нешто жешко, вообичаено околу 20 степени. Како и да е, тоа е тоа, нема што да правам.