Шо тест е тоа? Мојов сеа го најдов 4 години нема мрднато. Мора да има некоја финта. Имам и неколку негативни, до после ќе пробам да расклопам еден да видам колку е комплицирано и дали лесно се вади лентата за да ја шарнеш со фломастер барем
На инста има профил, можеш да си порачаш како имаш желба, прва буква од бебето, и внатре позитивниот тест да ти го додадат, ехо слики, цуцли итн. На инста се потпишани Nalla The Pittie Shop.
Треба да добијам за неколку дена, цело време имам некој прозирен исцедок нетипично за мене. Немам симптоми за добивање онично секогаш сум подуена со 2 килограми плус сега не. Дали некој имал слични симптоми? И дачи е во ред порано да направам тест?
Најубаво на денот кога треба да добиеш да направиш тест или 2 недели после односи. Симптомите се исти како ПМС.
Бидејки имам мутации и имав високо тсх сега го намалив, а со мутации ми е одредено од прв ден на дознавање клексани затоа сум исплашена
Опуштено само. Ако си под стрес па пролактинот ќе ти се качи а ни тоа не чини. Ти пуштам среќа да биде
Ете зависи од повеќе фактори можеби дали ќе остане линија или не. Без оглед што е ист бренд, можеби влијае бетата во моментот на правење, кога е направен итн. Или ако не е убаво затворен со пластичето згора па се суши.
јас со селф клиер првев уште тогаш беше линијата бледа и танка оти рана бременост сега може и избришана да е
до тестот е, јас два правев селф клиар сега во декември и двата избледеа и се размачкаа и ги фрлив, а шуре чек ми стои иста од пред 4 години
Пишав некни во Труднички дека ја загубив бременоста. Сега се врзувам за работи кои ништо нема да ми сменат, а имам многу голема потреба да ги зачувам. И толку ми е мака што и линијата на тестот ми избледе, неможам да ви опишам.
ти верувам, јас го чував исто тестот од првата бременост шо ја изгубив пред 5 години и при селењето го имав изгубено некаде, се превртевме и не го најдовме .... иако имам живо и здраво дете фала му на бога и уште едно на пат, пак ми беше криво за тестот....
здраво вчера ама не наутро со прва утринска го пвторив тестот што мислите ваше искуство има место за радост или не е позитивен?
Овој е негативен. Прилично лош тест, земи си селфклиар, посензитивен е. Не мора со утринска. Можеш и сега да го направиш одма.
Сликата е добра, негативен е. Овој тест не е толку сензитивен. Земи си селфклиар уште одма, и ќе видиш, тој е сензитивен повеќе. Има нешто бледо, ама може да е самата линија на тестот, затоа земи селф клиар.
Или имаш многу урина ставено што е вака пожолтен тестот или си го чувала подолго време.Јас гледам некоја бледа линија.Провери си преку крв ако можеш најсигурно ти е.Со среќа