Би требало да е негативен ако утре или задутре очекуваш циклус. Најрано, би требало да покаже резултат 12-13 дена по ризичен однос, доколку нели, се погоди односот во плоден ден.
Здраво девојки, Би сакала да ве прашам за искуства /совет Последен циклус ми беше на 26.08 иако беше рано сопругот проверуваше крвна слика и инсистираше ајде да провериме бхцг можеби ќе покаже рана бременост резултатот на 20.09 беше 9,1 по консултација со матичната ми кажа да почекам до сабота да видиме дали ќе се зголеми бхцг . Дали е можно да е лажно позитивен тест ?
Па зависи и кога била овулација, колку ти трае циклус.. нормално е ниска бета ако си недела дена пред добивање...
Според апликацијата на телефонот плоден ден ми беше 9/10 септември , циклусот ми трае 5 дена и секогаш добивам на ист датум ептен ретко ден покасно
Овулација најдобро ќе знаеш кога имаш со пратење фолекули на гинеколог. Апликација не е веродостојна. На 48 саати треба да се дуплира. Провери и ќе знаеш.
Лажно позитивна бета нема, 9.1 е бременост рана поголема е вредноста од 5, само провери за некој ден дали е порасната.
Провери си ја повторно бетата преку еден ден или како што кажа Цвет во Петок, тогаш ќе биде точно 30 дена од твојот циклус и би требало да имаш релевантен резултат. Ти посакувам многу среќа!
Не преку крв не може да е лажно. Направи пак бета (можеш и утре) да видиш дали е зголемено, ако е во ред бременоста утре би требало да е нешто над 30. Во истата лабораторија направи како и на 20ти што правеше.
И јас имав така пред неколку години, на бета искочи 10, ми каснеше дури 2 недели, што се случувало само ако сум бремена, и си добив после, бетата падна скроз, биохемиска бременост, некои не ни приметуваат дека такво нешто им се случило, бидејќи си крвариш нормално, и со исти симптоми за добивање си. Жал ми е, ама ќе биде се како што треба следен пат.
Здраво девојки. Предходен нормален циклус ми беше на 26.08. На 24ти овој месец, т.е пред 3 дена почнав со крварење како менструација, но некако многу послабо од обично. Вчера на третиот ден скоро и да ми престана. Планирам да направам тест денеска, но дали некој знае дали станува збор за менструација или пак е нешто друго? Благодарам однапред.
Додека не направиш тест, сѐ се претпоставки. Инаку и јас имам некогаш такви менструации по 3 дена со послабо крварење.