Девојки, ве молам пишете ми искуство со вадење на спирала. Дали е болно, колку време трае? Фала ви многу.
Девојки, ве молам пишете ми искуство со вадење на спирала. Дали е болно, колку време трае? Фала ви многу.
Здраво на сите Задна менструација 22.8 Денес 45 ден бета 5.87 Доцна овулација должина на циклус 35+ Дали има бременост ? Дали сте имале слична ситуација
Здраво, од синоќа имам кафеав исцедок и малку розева крв, од сабајле пак само кафеав исцедок. Пред 8 дена ми беше овулација имавме односи и планираме бременост. Дали има можност да е имплантациско крварење? Утре сабајле секако ќе појдам на гинеколог
Почекај уште 1 недела(или почркај да ти доцни 1-2дена) и направи тест или провери бета преку крв. Рано е сеуште во оваа недела за да се потврди бременост.
Здраво . Пробуваме за бебе, е сега вака пред 4 дена, поточно на 24 ден од циклис почна некој кафав исцедок, но утредента почна со темно црвено потоа другиот ден пак некое кафено розево и престана. Инаку околу циклусот ми беше исцедокот(секогаш ми доаѓа малку порано, досега неколку пати на 24ден, а почесто од 25 до 27ден). Денес направив дури 2 теста.... Едниот ми е сомнителен, другиот е 100% негативен.
Ovie i dvata nevalidni mi izgledaat. Zemi si besafe ili nekoj drug poevtin i napravi go spored upatstvo.
Денес пак направив со surecheck, негативен( не беше со прва урина, бидејќи немав тест), а едниот од петокот сомнителен со закашкана втора линија, но на крајот од денот се познаваше бледа втората линија, а дригиот се појави дека е позитивен, но исчезна линијата . Дали можеби е рано.... А може да ми кажете цена некој што правел вета хцг во авицена, биотек, систина, органџиски, синлаб..... Благодарам. Инаку на 14-15 октомври пак ќе направам уште еден тест.
Тестот е валиден првите минути 4-5, ако бил закашкан и немало линија па на крај на ден си го видела со линија посекако не е валиден (барем така пишува на повеќето тестови). Мене ми се деси со Selfclear да ми е невалиден ама тогаш и не бев трудна. За 2 дена земи си лабоквик од еурофарм, од урина од чашка земи и стави 3 капки на него (имаат едно пластично со кое можеш да земеш малце урина) и види. Мене досега не ми излегол невалиден лабоквик и не ми исчезнала линијата. Првата линија ми беше ептен бледа, се појави во првите 4 минути и не исчезна. Наредните денови беше уште потемна. Ама ако ти е во мисла направи си од крв за сигурно.
Што се мачиш со тестови не знам... Уште утре сабајле оди земи крв околу 600-700 е зависи каде,за еден час имаш резултати.