Со дечко ми досега секогаш сме имале односи со заштита, последните два месеци се случи често да имаме незаштитен однос без свршување во мене. Еден однос ми е сомнителен и се плашам од предсемена течност. Циклус требаше да добијам на 14-ти октомври, три дена ми касни. Дали има некаква шанса да бидам бремена ?
Секогаш постојат шанси да останеш бремена ако не се користи заштита. Има жени што забременувале и од предсемена. Помали се шансите но сепак постојат. Направи си тест за да бидеш сигурна
Ќе почекам уште овој викенд во случај да не добијам и ќе направам тест. Во моментов последно нешто на што мислам е бременост, но тоа е што е. Фала ти.