Здраво на сите. Имам односи редовно без кондом, но секој пат свршува надвор, никогаш не свршил во мене. Последниот однос го имав на 3ти декември. Требаше да добијам на 9ти, но уште немам ништо, а мене ми е обично многу точен циклусот, никогаш не ми доцни. Направив тест вчера и е негативен, но мислам дека е прерано да каже. Да напоменам дека тестот не го правев со прва утринска мокрача. Што мислите?
Па на 5 дена доцнење треба да покаже точен резултат.Минимални се шансите да останеш бремена со вакви односи
Мислам од предсемената, шансите се многу мали но сепак постојат. Се прашував само дали е прерано да покаже тестот на само 10 дена после однос и не направен со прва урина. Прв пат правам тест, не се разбирам толку.
А ти сакаш да си бремена,јас барем така сфатив дека се надеваш на бременост.Знаеш кога ти е овулација?
Не се обидувам активно, но тоа не значи дека не сакам. Би била среќна секако. По календаров што го пратам циклусот пишува дека на 25ти Ноември ми била овулација. Имав односи и во тие денови, но сепак ниту еднаш не сврши внатре. Секако ќе го повторам тестот но во неизвесност сум вака и сакам да слушнам мислења дали негативниот е можно да е неточен.
Календарот пресметува статистички според должината на циклусот отприлика на средината што не е секогаш точно.Ако ти била навистина на 25 тогаш не си бремена.Не знам почекај или извади си крв
Зависи од тестот колку е сензитивен,и зависи кога настанала имплантација.Во 90% покажува после 14 дена или на ден доцнење,ама има и случаеви каде покажува и порано.
Мој совет да не правиш пред денот на менструација или 1 ден доцнење минимум. Се останато направено прерано може да даде лажно негативен.
Не се мисли оди провери си преку крв утре тоа ќе покаже нема грешка.Ако ти доцни толку појди на гинеколог.Не е секое доцнење е бременост
Што мислите? На 13 дена од последен однос и 7 дена доцнење, направени се со прва утринска мокрача. Можно е да се грешни?