Ај препрочитај пак, кратко време имале односи. Не велам дека така лесно се останува бремена, 2 ги имам, одлично знам како се останува бремена...
Здраво, кога обично се тестирате за бременост, пред очекуваната дата или чекате да ви задоцни? јас денекса правев тест-негативен излезе, а треба да (не) добијам на 15-16 рано го направив тестот? или ако имаше нешто сепак ќе покажеше денеска?
Рано е сеуште за правење тест. Треба 2-3 дена да ви касни или пак, на денот на добивање кога ќе ви е точно. Јас лично правев на денот на добивање и беше многу бледа цртка.
Се зависи кога си имала овулација.Ако е рана би покажал можеби.За сигурно почекај на денот на (не)добивање направи
Благодарам,само убаво нека се враќа. Рана бременост ми е дали да чекам до 7ма недела да отидам на преглед, или од понеделник да си испитам бета
Јас одма на ден на тест отидов кај гинекологот и направивме бета хцг (беше околу 500 вредноста). Не ме гледаше на ултразвук затоа што беше рано, ми даде само клексани и терапија и наредно ми закажа за недела или за две недели не памтам, знам само дека тогаш ми потврдија срцева акција. Не се пребоцкував за да следам удвојување или слично.. Јас би се јавила одма на гинеколог уште денес затоа што ако имаш мутации или претходна ризична историја одма ти даваат терапија.
Гинекаликс е жива катастрофа. Ај шо те крадат ај шо те лажат со се и сешто на крај те праќаат во некоја нивна ординација Мон Бебе а таму уште поголема катастрофа...Кај им се очите на инспекциите, институциите не ми е јасно. Не се лажете девојки и мајки да одете таму. Жива превара!
Предходната бременост ми беше супер, докторот ми е на одмор а замената кај и да е ќе заврши со смена. Така да ќе мора да почекам до понеделник