И да си бремена, за симптоми како гадење, одбивност на храна, ти е прерано. А зошто се плашиш да направиш тест?
Сакам да е позитивен, имам претходно правено два пати и после тоа сум добивала менструација и затоа сакам да почекам. Симптомите за гадење, вртоглавица ми се и во ПМС и ми беа и претходно, но сега не осеќам ништо. Околу 20ти февруари имав силни болки неколку дена, нервоза, типично ПМС и толку.
Ама ако не направиш, нема да знаеш на што си. Три години секој месец правев, додека не добив позитивен тест. И позитивен беше кога најмалце очекував. Ајде до аптека и те чекаме со инфо.
Здраво. Со дечко ми имавме незаштитен однос на 18февруари. Беше ризичен однос односно тој сврши во мене но јас кога се тргнав имаше сперма на неговиот стомак и мојот(бев врз него) моја претпоставка дека пола свршил во мене пола надвор. Ми беа неплодни денови,имам редовни менструации(33-34дена). Дали е можно да сум бремена? Ве молам за одговор
Да но ми беа неплодни денови, последен пат добив на 8февруари а односот беше на 18ти. И како што кажав имаше и надвор не беше се во мене.
Теоретски да, во пракса не е баш така. Убаво ти пишале членките, можно е, не значи дека си трудна, ама има шанси. Имаш знаци за добивање, како се осеќаш?
И јас бев со редовна и ,,знаев” дека имам тогаш и тогаш овулација, ама прегледот викаше друго. Има жени што на ден пред добивање со еден единствен однос останале бремени. Во медицина 2+2 ретко е 4.
Јас на 03.12 требаше да добијам по календарите и сама му реков на маж терај си нема опасност на однос на 30.11. И погодете шо бидна
Теоретски е така, ама 10 ден од циклус не е баш неплоден. Моите овулации била порано, на пр на 11 ден. Ти имаш подолги циклуси, ама па и тоа не е 100% секогаш исто. Со оглед на тоа дека спермата моме и да "поживее" малку внатре, реално не е невозможно. Направи си тест ако ти задоцни
На 30 чекав циклус На 22 имав однос И да бременост Затоа и бебе беше стално 2 недели помало и се роди во 42+2
Телото не ни е програмирано.. имаме и рани и доцни овулации. Направи си тест на ден кога треба да добиеш ако те копка.