Планирам да направам тест ама ме буни тоа што чувствувам болки како предменструални и затоа ме интересира дали некој е имал слично искуство.имајте убав ден
Сигурно имал.Многу имаат менстрални болки и во рана бременост.Многу немаат.Секој организам е различен.Така да искуство од некоја членка нема да го промени твојот резултат.Направи тест и се надевам ќе го добише очекуваниот резултат.Со среќа
Без тест не можеш да бидеш сигурна, а секој незаштитен однос си носи со себе ризик од бременост без разлика дали си во овулација или не.. Исто ако ја следиш овулацијата преку апликација, а немаш направивено тест дали ти е точно тогаш овулацијата и ја немаш осетено, не значи дека ти била тогаш...
Исто се симптомите, менструално болки се нормални во цела бременост, најизразени се во прв триместар.
Од таквите болки, имам ѕверка што ми трча низ дома. Незнам зошто не направиш тест и да си решиш дилемата?
4дена доцнење и ниска бета Во иста лабароторија да провериш пак за 48ч За ваква рана бременост треба да имаш ептен доцна овулација негде 22 24ден од циклус
Здраво. Испаничена трудница. Многу стрес за мене. Живеам Германија(божем јако здраство,тикви). Останав бремена. Моментално сум 7ма недела. Пред една недела имав малку крв. Како со бело прање . Бев на гинеколог и ми зеде крв за бета хормонот. Два пати на 48 часа. Првиот резултат беше 20670,а во вториот имаше мал пад 20530. Ми се јави гинекологот и ме викна тамо за да ми каже дали сакам плодот сам да падне,да ми дадат да се напијам нешто за да испадне,или да правам во болница киретажа. Тоа ми го кажа без да ми направи ултразвух. Јас одбрав за киретажа,знаев дека ќе добијам второ мислење во болница. Тамо во болница,кога докторката со ултразвух ме прегледа виде ембрион жив ,со срцева акција. И рече дека во овој период бета хормонот не е релевантен како ултразвухот.Значи мојот гинелолог тотално непрпфесионално ја изврши работата. Е сега,утре имам повторно контрола,но ме загрижува што во 6+та недела кога слушна откуцаите на срцето ,беа 109. Рече можеби послаби,но ќе видиме наредно. И сега сум испаничена малку. Некаде пишува дека е во ред,некаде дека е слабо. Гинеколог од Мк ми кажа дека е во ред,можеби на почеток е. Дека прошлата недела немаше акција,кога прокрварев. И башка имам болки поради што јајникот ми е залепен за матката со адхезии. Жалам што не уживам во бременоста. Толку многу стрес ма старт уште Искуства?
Дали во иста лабараторија правеше бета? На 6+ може да е слабо зашто само што почнало да чука. Ако вака се изгледа океј на ехо, мислам дека треба да посетиш уште едно мислење. Не знам како иде таму, но можеби во друга болница.