Буквално постои гинекологот за тоа, тоа му е работа. Како во бутик да ти е срам да прашаш дали имат поголем број од некој фустан. Прашај си го се што те интересира
@Leptirka98 Информирај се убаво за сексот, имаш достапни информации денес и нема да ти е толкав ризик.. За заштита имаш: апче за ден потоа, не се препорачува често да се користи само во исклучителен случај; таблети, се пијат секој ден во исто време ама мора со препорака на гинеколог; спирала, добра е ако на долг рок не планираш бременост има различни типови, мора агинеколог да ти ја намести; постојат и женски кондом и дијафрагма за кои што не сум сигурен колку ги има на нашиот пазар; и инекција, мислам дека трае околу 3 месеци.. За подетално и убаво да ти објасни прашај гинеколог, а инаку само кондомот штити од болести и ифекции другите само од несакана бременост. Друго, колку му веруваш, има шанси дечкото сам да го извадил кондомот? Ако му било прв пат и на него може не знаел да го намести или му бил голем нека зема помал не стандарден.. Во каква положба беше кондомот кога го најдовте, празен? Дали престана во одреден момент со односот за да се намести па го извади? Внимавај следен пат и добро информирај се..
За најточен после 14 дена од односот.Има и некои што покажуваат 6 дена пред да добиеш.Ама се е во зависност од овулација и имлантација.
Најсигурно е да ти доцни, или на денот на добивање, да направиш, ретко кога дава грешен резултат. Ако не си сигурна, направи тест преку крв, ќе покаже дали има присуство на бхцг хормонот. Најдобра контрацепција е презервативот, јас не би дала препорако за пиење апчиња кои што се хормонски и го "полудуваат" организамот, исто и апче "за ден потоа" и хормоните и циклусите ги пореметуваат. Си има соодветна заштита, иако и таа не е 100%.
Здраво, девојчиња. Ќе нафрлам вака набрзина, датум на последна менструација ми беше 16.04, циклусот ми е околу 30-31-32 дена, имам инсулинска резистенција и си пијам редовно терапија. Имав незаштитени односи неколку дена по ред. Направив овулациски тестови кои искрено не ни можев да ги сфатам како фунцкионираат, нејсе. На 05.05 на бришење имав две три мали капки спотинг, со жолтенкав секрет (што мене ми личеше на овулација, веројатно е нормално да се појави вакво нешто при овулација). На 11.05 бев на ехо на абдомен заради други причини и докторката ми рече дека имам циста 4цм на десниот јајник, да утре дента на 12.05 на гинеколог при вагинално ехо се утврди дека цистата пукнала и дека се е во ред. Читав дека таа циста помагала на рана бременост. На 12.05 направив бета хцг и беше 2. Дали сум тестирала прерано? Моментално имам од време на време како кратки менструални болки, меѓутоа циклус се уште немам. Очекувана меструација ми е на 18.05. Дали имала некоја вакво искуство?
Практично бетата ти е негативна, според менструација на 32 дена, тој период ти била овулација, а симптомите сами по себе не значат ништо, зошто се многу слични едни со други (ПМС и бременост). Единствена работа ти е да чекаш да ти доцни и да направиш тест.
Што користите вие како контрацепција? Само со кондом е некако ризично за несакана бременост, или ќе се скине или...
Кондом е најдобра опција, освен здравствено ако нешто мораш хормони да се клукаш најдобро последна опција да ти биде. Контрацепцијата баш не е наивна, зошто да си правиш штета на организмот.
Денес ми е последен ден 28 да треба да добијам, но никакви симптоми нема и малку ми е страв, се нервирам, бидејќи обично многу порано добивам.
Сакаш или не сакаш бременост? Направи си тест ако се сомневаш. Секој месец исто не доага секогаш. Плус овој месец со ваква клима добро е и што ни доага
Точно, во право си. Дали сакам или не сакам? Сакам да имам бебенце од мојот маж, дар од Бог, не сакам од страв.
Ако те разбрав, сакаш ама се плашиш. Ако сум добро разбрала тогаш потполно те разбирам за стравот, само што кај секој различно е причината за стравот
Која би била веројатноста за бременост при ејакулација на прв ден од циклус? Плус само со една туба? Се надевам невозможно
Zdravo,nova sum na forumov,dali mislite deka testov e pozitiven?Sure check,napraven navecer,posle 3dena kasnenje.