Мислам не знам на колку време добиваш.Ама кога си имала овулација?Процесот на оплодување вгнездување трае.
Не е лошо малку повеќе да прочитате на интернет околу забременувањето и процесите во телото, 21 век сме. 19 дена пред да добиеш уште можеш да останеш трудна. Јес дека форумот е за прашања и одговори, ама информирајте се малце, бар има достапност на информации, не сме среден век.
Па ако добиваш на 28 дена си имала пред 10 дена циклус.Можеби не е настаната ни овулација,а камоли бременост
Од кога ќе се зачне, треба скоро недела дена до имплатација, кога би се случила имплатација можно е благо крварење, но не ни мора. Со двете немав јас пример. Симптомите се буквачно исти како пред добивање, многу тешко да се процени.
Дали има линија светла или јас халуцинирам? Вторник треба да добијам, тест праев оние што дететкираат као 5 дена порано.
И мене ми се гледа линија ептеен бледа рано си го направила, повтори го пак утре задутре или провери бета преку крв за најсигурно
Неам опција за бета преку крв и затоа викам ај со овие за рана бременост. Понеделник ќе проверам пак од сабајле.
Јас овој циклус правев ХСГ на 26 мај, резулатот 100% уреден и целосна проодност на двете туби. Во средата вечерта имав како грч менструален за добивање, четвртокот сабајле реков еве добив, имав малку крв само на бришење и пак менструален грч и после ништо. Си направив филм дека може е имплантациско крварење. Денес направив тест негативен, а утре треба да добијам. Немам никакви болки за добивање, ништо. После колку денови од имплантациско сте добиле позитивен тест? До последно се надевам, ама некако и се разочарав сега од тестот.
Ако е обичен тест т.е оние што детектираат од прв ден кога треба да се добие, може затоа ти дава негативен. Јас направив тест што е сенситивен и као покажува на него уште пред да изостане менс и имав ете некоја мноогу бледа линија, треба да добијам во вторник, грчеви имав пред 2 дена. Рано е ептен и за мене затоа не си земам здраво за готово, тек понеделник ќе праам тест пак. Не се разочарувај најточно е дента кога ќе треба да добиеш со прва мокрача или да ти касни нели.
Во Мк не знам кој се ама не споредувај со други мој совет е. Знам дека кај многу и дента кога требело да добиет била ептен слаба втората линија што значи покасна овулација, имплатација, па после 48ч имале жар црвена. Повтори тест за 2 дена. Ти држам среќа и заедно да се дружиме во труднички.
Здраво на сите Би сакала да споделите искуство со мене. Овулација најверојатно сум имала на 06.06 (не сум користела овулациски тестови, туку сабајлето на бришење забележав секрет со малку минимално крв кој ми се појавува кога ќе пукне фоликулот). Од пред неколку дена, градите почнаа многу да ме болат, значи дури мислам дека овој пат највеќе во мојот живот. Ги чуствувам како иритирани, полни, тешки и ме пецкаат. Вчера, 13.06 имав како менструални болки како во секој момент да ќе потече крв, дека ќе добијам, не добив. Болките ги чуствував како во бранови, ги има па ќе си одат и така цел ден што ми е малку чудно во однос на сите изминати циклуси и симптоми што сум ги имала. Плодните денови ги погодив сите, значи пред и после овулавија со незаштитени односи. Знам дека секоја жена е сама за себе индивидуа во поглед на симптоми, но би била благодарна доколку некоја од Вас сподели мислење и искуство со мене. Благодарам и Ви посакувам пријатно неделно попладне