Девојки здраво, нова сум на форумот, баш сте активни во темава, имам и јасс прашање, дали тестот ми е позитивен? Последен циклус ми беше на 30ти мај, требаше да добијам во петокот на 26ти јуни... Имам втора бледа линија, а ги имам сите можни симптоми на бременост, се изначитав по интернеров
Ако досега си имала искуство и со проверка преку крв, кој ден е најдобро да се направи за да се потврдии бременоста?
Ќе покаже на крв, штом имате бледа линија. Прво се лачи хормонот во крв, потоа покажува на урина. Тестот бета хцг Ви е најрелевантен.
Рана бременост би требало да биде.. И кај мене ваков беше за третото детенце, дури и побледа.. најубави цртки ми покажа Би Сејф (оној што доаѓа со два теста внатре). Со лесно!
Во кои аптеки го има тој тест? Не сум слушнала за тој тест досега ама можам и тој да го пробам Фала ви на сите за информациите
Јас мислев за Be Safe ми кажуваш дека е најсензитивен Два теста направив од Laboquick и двата се со бледа втора црткаа, утре одам да проверам крв
сакам да прашам нешто, не бев имала односи околу 5 месеца, после токлу време прв пат имав на 20 јуни (последна менз на 28 мај) после тоа на 26 и на 28 јуни односи без заштита но без завршување внатре, е сега ми доцни и не знам дали има шанси за бременост
Девојкии, конечно после 1 година, self clear го направив вчера утрово и одма покажа две цртки, а sure check го направив после работа онака да сум сигурна исто и тој излезе позитивен, закажав во Ferty clinic за преглед, дали имате искуство со нив? Кај матичниот можам да одам дури следна недела, а не ми се чека. Ви благодарам
Тестовите се позитивни, честитки. Колку време ти доцни? Реално бар уште 10тина дена тешко дека ќе се види нешто во матка. Освен бета да испиташ за потврда ама мислам нема потреба.
Циклусот ми трае 26 дена, последен пат добив на 8ми јуни.. сигурна сум дека сега нема ништо да покаже истото ми го кажа и матичниот, ама сакам да сум со мирна глава, сепак прв пат ми е и буквално анализирам се
Девојки, со двата позитивни теста денес не издржав и отидов на лекар, ама не се гледаше ништо со вагинално ехо, 4 недели и 1 ден сум според претходната менструација.. само ме интересира дали некоја од вас имала како кафеав исцедокод време на време? Докторката само заради тоа ми предложи за секој случај да направам проверка на бета хормон.. И тоа ме плаши и тоа што имам два позитивни тестови а воопшто ништо не се гледаше .. Инску во понеделник ќе одам кај мојот матичен лекар и мислам дали е во ред да почекам тој да ми каже што да правам понатаму? Под стрес сум баш после прегледот, можеби нема потреба од паника ама ете прв пат се среќавам со ова..
Ајде полека Сосема е нормално тој исцедок што го имаш, се додека не е свежа крв и да тече баш баш, нема простор за паника. Тој исцедок е дека ембиончето се сместува во матката па кај некои жени се јавува таков исцедок. Ти си премногу пресно бремена, што само хемиски (односно преку концентрација на хормон) може да се докаже дека си бремена но не и преку ехо, што е исто така сосема нормално. Ако си во можност, за да си ја смириш психата ќе ти препорачам утре и сабота да направиш анализа на бета хцг во иста лабораторија (да, важно е да е во иста лабораторија). Доколку вредноста во сабота е двојно поголема од таа што ќе излезе утре, бременоста си оди во нормален тек. Нема такво ехо што може во овој момент да каже има или нема бебе. Кога вредноста на бетата ќе дојде над 2000 тогаш ќе се види точка на ехо. Штом веќе ќе одиш во понеделник кај матичниот баш е супер да имаш две бети (како што ти велам, една утре и една во сабота) па тој ќе ти каже според нив што и како понатаму. Од моменталната ситуација и симптоми нема апсолутно никаков простор за загриженост. Со лесно
Немаш потреба за паника рано е мн да се види нешто.Не прави си стрес.Провери си Бета ХЦГ и провери си прогестерон,во случај да не ти треба прогестеронска терапија.Со среќа и со лесно