Позитивен, кај мене беше уште побледа испитај крв за да бидеш најсигурна ќе покаже зголемување на бета
Здраво ве молам за мислење Со дечко ми сакаме бебе и за прв пат пробуваме овој месец. Последна менструација ми беше на 31 август и ми траеше 4 дена. На 8 септември имавме односи и свршуваше во мене исто такс и на 11 септември. Кажете ми кој ден би било идеално да направам тест или мора да чекам дали ќе ми доцни па потоа?
Денес е втор ден како ми касни, направив тест ама е негативен, дали прерано го имам направено? Никогаш не ми касни, до ден точно ми доаѓа.
Здраво, да ве прашам бидејќи сум во дилема од толку читање на интернет, имав месечен циклус од 28.09.2026 до 03.10.2026 година, пред тоа имавме со сопругот односи и после тоа, денес на 10.10.2026 година, имав розев исцедок, дали е можно да е оплодување на јајце клетката ?
исцедок се јавува при имплантација на ембрионот,и можно е при овулација мало крварење.Дали знаеш кога имаш овулација?
7-10 дена од оплодување следи имплатација, за време на имплатација можно е грчеви во стомак, некогаш малу исцедок, а можно е ништо од тоа. Зависи кој денови сте имале односи, кога настанала овулација и спред тоа пресметка.
Мислам дека ти е овулација (иако и за тоа рано е). Пред една недела ти завршил циклусот, а овулацијата е обично на средината. Имплантацијата е после 3,4 дена од овулација.. зошто горе доле не знаеме точно кога пукнал фоликулот.
Не е рано за овулација, не секоја жена има исто. Мене ми е порано, одма после менс, со две сум останата бремена одма после менс пошо ги знам точно датумите на односи, со второто не знам баш пошо имавме секој 2 ден. Само што она морала да има истиот ден однос за да се поклопи со деновите на имплатација според овие пресметки. Како и да е ќе види на денот на добивање.
Тоа да, ама мислам прерано е да има имплантација и да била рано овулацијата... зошто настанува оплодувањето некој ден, па потоа се "пригнездува" (имплантира за матка).. Затоа викам може да е крварење од сама овулација, сега да овулира..
Со мм се обидуваме за бебе, втор месец веќе, меѓутоа не премногу активно да форсираме поради х причини од средината, односите со свршување ни беа на 26.09 и 11.10, имав добиено претходен месец на 22.09, дали денес е рано за тест, секогаш ми доаѓа на 28/29 дена?