Добар ден жени. Вака последна менструација ми беше на 16 октомври, според тоа овулација имав на 29 октомври. Незаштитен однос( без свршување внатре) имавме на 30 октомври,1ви и 2ри ноември. Синоќа почнаа некој лесни грчеви и исцедок бледо кафен само на бришење . 2 бремености сум имала досега не ми се случило да имам имплантациско, дали е можно ова да е тоа? Циклусот ми трае 30-34 дена, најчесто секогаш добивам околу 32-33 ден. А ова крварење почна на 21 ден од циклус. Малку сум збунета
Џабе јас не гледам ако е бледа линија се слика на светлина и малце ма криво ако е правен тестот пред добивање или дента. По мое треба да повториш тест. Ти касни и колку?
Дали навистина има шанси забременување од предсемена течност? Заедно сме 15 години, никогаш не сме згрешиле и имаме веќе едно, но бременост уште една е нешто што е многу многу непосакувано во моментов. Сигурна сум дека бев во овулација со незаштитен однос без свршување, знам дека шансите се многу мали но ме фати некоја паника, неколку дена се измачувам а треба да добијам тек на крај на месецот.
Цел живот сме се пазеле на тој начин и никогаш не сум гледала дали сум во овулација или не. Ептен треба да ти се “посреќи” за да забремениш од предсемена не дека не е можно, но многу е ретко
Секој однос без заштита е можна бременост. Другарка со двете остана бремена од предсемена. Преретко ама можно.
Сигурно свршил во неа и не и кажал, за да не испадне дека он е крив, па ај као предсемена ова она да не биде ти си крив. Жена ако неќе да остане трудна, треба да инсистира со кондом, се друго е мачкање очи.. И тоа не еднаш, него два пати, мижи Асан, да ти бајам.
И тоа како е можно.. и јас познавам жена што е 4 пати така останата трудна. Не е за чудење. Плус како може да сврши во неа и да не и каже? Мислам сите знаеме како изгледа тоа, се приметува
Фала ви на одговорите, значи не ми останува ништо друго во моментов освен да пробам да не паничам во следните 2 недели (искрено мислам тешко ќе биде) и да се надевам на негативен исход.
Мислам дека не го прават правилно методот на pull out, а не дека жените им остануваат трудни од предсемена течност.. А овие па, еднаш, два пати, три пати, и пак ако знаеш дека не знае да го извади на време да му речеш ај пак без, и неќеш деца ми е ту мач.
Има шанса за бременост ако сте имале втора рунда односи и со самото навлажнување на пенисот има заостанати сперматозоиди во предсемената течност од првиот пат (доколку свршил првиот пат.) Предсемена течност всушност е подмачкување/навлажнување на пенисот, не е ејакулат. Е тоа е “посреќување” на некои парови, од еден однос нема шанса да се случи. Некои мажи измеѓу прв и втор однос мочаат како еден вид “чистење”.
Фала ви на одговорите. Кога ќе прочитам дека ви се случило стварно и покрај тоа што досега никогаш не ни се случило нас, паниката ми е голема и не знам како ќе издржам до добивање.