^ За да ти одговорам, ќе се самоцитирам: Дали јас или некој друг ќе и кажат дека има или нема шанси да забремени искрено не верувам дека ќе промени многу во веќе завршена работа.
^Па нема многу место за различни мислења на прашањево, факт е дека при незаштитен однос има шанси за забременување (има и при заштитен, но значително помали). И можеби сега нема ништо да промени, меѓутоа ќе промени нешто за нареден пат или ќе ги информира другите девојки што се заинтересирани за ова. А твојот одговор може да ги наведе кон тоа да имаат секс без заштита затоа што „нема шанси“ да забременат, што е, секако, погрешно. Шанси постојат и при заштитен секс (како што и самата рече), а камо ли при незаштитен. Го цитирав твојот коментар не за да те навредам некако или да почнеме расправија. Тука нема свои мислења, не ни може да има, не е моето точно, а твоето неточно, туку едноставно - така е.
Точно, за болдираново ќе се согласам, не се искажав убаво во мислењето Јас дадов само краток одговор, мое лично мислење за конкретната ситуација со поголема веројатност дека шансите ги нема, но тоа не значи дека не знам дека постојат. Не секогаш може да се донесе заклучок за тугите познавања од само 2 кратки реченици.
Тоа е индивидуало, кај секоја жена различно, првите знаци на бременост се сличо со ПМС, мали се шансите да си бремена нема потреба толку да креваш паника.
Јас со проблем ... Со дечко ми имаме односи веќе година ипол, секогаш со кондом, не ни се случило без никогаш, и дечко ми е многу пажлив постојано проверува да не е скинат... Вчера исто провери 2 мин пред да сврши, и бидејќи секогаш пред да сврши се трга, без оглед што имаме со кондом, ама кога го извади, тој беше скинат, и сврши надвор од мене(тој вели дека е милион посто сигурен во тоа)... Огромен паничар сум, на 4ти треба да добијам, прашањето ми е да пијам или не Норлево, има одвај 7 саати од односот... Незз дали вреди да се испијат толку хормони..
Ако пред тоа сте немале друг однос, или сте имале ама тој мочкал и се измил и чим не свршил во тебе тогаш јас лично не би се напила. Норлево се пијат ако сврши во тебе, кога веќе шансите се прилично големи за останување бремена. Сигурно ќе бидеш помирна ако се напиеш, но сепак се хормони.
Не не, немавме претходно однос, ама тој секако за секој случај мокри пред однос, значи секогаш сите заштитни мерки ги превземаме, ама вчера... Знам дека има премногу хормони во апчето, затоа и сум скептична да го земам и побарав мислење од вас... Фала ви на мислењата!
@ Viiiiip и јас да сум на твое место не би се пунела со хормони непотребно. @ Alondra ме чуди како не ти се нафрлија и тебе бидејќи велиш "нема шанси"
една моја пријателка се сомнева дека е можеби е бремена..после односот,добила менструација точно на датата како минатиот месец.....значи во овааа ситуација не станува збор за каснење на менструацијата и сл но тоа сепак траело само 2 дена во споредба со нејзината нормална менструација,после втората ден наместо менструација се покажувало кафеаво.Но пред да добие менструација имала нормални симптоми за менстр. Беше под голем притисок и нервоза поради сопствени причини.Дали можеби е бремена ????
мисли ли она дека може е? дали свршил децкои?дали имале заштита? искрено не знам што да кажам за ва ситуАција а колку дена и трае менс..... сепак ако помина две недели од односот нека си направи тест да си знае....
lady.com-mm најубаво и најсигурно и е да си направи тест, џебе стресови си придава и џабе ние овдека сега да нагаѓаме што било и како, за 100ден. нек си купи тест, доволно време поминало сигурно ќе и даде точен резултат.
Epa vaka devojki ... se raboti za mene vo predhodnata poraka na lady.com-mm .... Jas i mojot decko sme sigurni deka nema nisto... poradi toa sto toj ne svrshil nitu ednas vo mene. a za mens. ja imam okolu 5-6 dena... tia denovi kako sto kazavme bev pod stres dali moze da ima vlijanie i toa ? a za test obavezno ke napravam ....
Da .. normalno .... No ovde me buni toa sto mi doagja tocno na toj datum kako minatiot mesec.. no sto mi traeshe samo dva dena? Neznam sto da mislam
^да не ти стварам паника, во многу случаеви тоа сум го чула два дена траење, како кафеавко или малце како прв ден, и отпосле дознавале дека се бремени.
Можда најсмешното во целава ситуација (и главната причина за паника кај жените у вакви ситуации) е тоа што симптомите на бременост и пред менструација се многу слични, речиси се поклопуваат.
Bauty мене менструацијата ми траеше 7 дена па ми намале последните два месеци на 3 дена и се зачудив, но сепак тука е влијанието на средината,климата, стресот.А два пати до сега ми има доцнето10дена првиот пат иако немав причини да се сомневам дека сум бремена бев на гениколог и тој ми објасни дека нормално е кај секоја девојка циклусот и периодот еднаш до два пати годишно да се менува пример ако ти ифи на 15 следниот месец ќе ти дојди на 25 -ти и така ќе тера некое време се до наредниот пат кога ќе смени чудно,но вистинито