^ова им се случува на многу девојки, но џабе се нервираш.....со нервоза ништо нема да постигнеш.Само можеш да си направиш од стресови и нервози за да ти доцни после.
А нешто друго ми е чудно, кој беше горе, ти или тој? (тоа многу е битно за тоа што те мачи) Ако ти беше толку сериозен проблемот ќе бараше помош и совет од гинеколог а не на форум, па и преку демек профилот на сестра ти. п.с. секоја чест како темпирате двајцата, баш кога те фаќа грч он свршува, тоа ретко може да се случи. Направи си твој профил, не се плаќа за тоа, бесплатно е, за да можеме да ве разликуваме со сестра ти. Не е пристојно да разгледуваш туѓ профил, макар и на сестра ти бил а уште повеќе да прашуваш за сексуални проблеми. И од сега не се тргај туку користи презерватив тако зван кондом. А за тоа ако свршил во тебе, не мора секогаш да фати, без гајле, ќе си направиш тест и ќе дознаеш. Ваљда нема да биде отпорен некој сперматозоид дури до твоите плодни денови. Што се плашиш од реакцијата на твоите, па ти си голема, имаш дечко, се сексаш и доволно си голема за да ги превземеш сама последиците и одговорноста за твоите постапки.
мој совет ти е, колку повеќе можеш релаксирај се. по две недели направи тест. а во случајда ти доцни почекај 2/3 дена (тоа ќе ти е можеби од стрес), ако и до тогаш не ти дојде, тогаш пак направи тест, и се ќе ти биде сигурно
Чекај, а зошто кога веќе ти е страв, свршил во тебе, не сакаш да си бремена, што не отидеш и купиш апче за ден потоа??? Таман имаш време, да го испиеш и да делува. Мислам без потреба се везат коментари како е можно? лажеш и слично.. ако е веќе вистина сигурно знаеш дека постои апче кое може да ти ги реши проблемите.
Па затоа што го испив апчето пред една недела без потреба затоа неможам пак да испијам и си кажав јас дека одам од проблем во проблем.Кога го испив ни беше пукнат кондомот
Спасовска, си идеш од проблем у проблем само затоа што мислиш дека се играш со играчки. Мислам 17год имаш барем основни работи околу сексуален однос да знаеш. И секако дека постојат шанси, дај боже да не си, ама нека ти е памет за др пат. Кондоми ке си купите и после ако сакате стоејќи на глава сексајте се, ама барем мирно ке спиеш... А проблеми, глеаш дека сама си ги создаваш?? Епа проработи на случајов.
Abeja знам дека ретко се случува затоа што прв пат ми се случи и неможам јас да контролирам кога да се случи ако тоа не ти е јасно,јас бев горе, а за гиниколог не се секирај ти ке одам јас,но сакав прво тука да прашам бидејќи сите прашуваат па зошто не и јас и мое е тоа каде и кого ке прашам.А за профилот исто така не се секирај сестра ми не го користи од кога и е направен и нема да ме мешаш со неа секогаш сум јас на овој профил немај гајле за тоа ако ти е тоа толку важно пассот е мој. И да секогаш користиме кондоми ама во тој момент немавме бидејќи немаме односи кога имам менструација WildCherry секогаш користиме кондоми ова е 2 или 3 пат без кондом
Чоек како и да е . негова задача и одговорност е да ти каже дека му иде до свршување и да се тргне макар ти била горе или доле или лево или десно... Он е тој кој треба да се тргне не ти. На крај краева си има и можност како да спречи да не сврши одма..... Нека си мисли и он исто ако нејќе да думка деца на негови години ...
Еден куп исфрустрирани жени на форумов... Ако сте во состојба да дадете совет тогаш напишете нешто паметно и соодветно, ама нема потреба од ароганција, иронија и лечење фрустрации на туѓи проблеми! Девојчето има 17 години, си има дилема поради која можеби не спие со денови а вие си играте судии. Зарем вие знаевте се за сексот на почетокот кога станавте сексуално активни?! Срамота, уште да не сакате слика да ви прати да видите дали била горе или доле... Спасовска, како и да е, грчеви за време на секс не се ретки, се јавуваат и кај машкото и кај женското... Во случајов шансите да забремениш во трет ден од циклус се минимални!!! Тестот за бременост(преку урина) ќе го направиш за секој случај дури за 3 недели, порано нема да покаже ништо. Ако си ептен нетрпелива тогаш за една недела направи тест преку крв за нивото на бетаХЦГ (во Авицена го прават за 600 ден). За друг пат да знаеш дека има апчиња за ден потоа кога ќе имаш ризичен секс Поздрав и не се секирај, не си бремена
Па затоа беше битно кој бил горе, кој долу, ако си била ти доле, грчот во твојата нога нема да го спречи да го извади Навистина сите прашуваат ама на никој што прашал не може да му се даде веродостоен одговор, одговорот ќе ти го даде гинеколог после извршен преглед и испитувања. Затоа се смешни и бесцелни прашањата на форумот од типот-дали сум бремена. зашто никој од овде не знае дали си бремена. Па и да си бремена, имаш само два избора. Еве да те утешам, ако ти си била одозгора потешко е забременувањето(кога скокаш у вис помалку одскокнуваш отколку кога скокаш напред ), за тоа обично жената е долу, пожелно е оргазам од двете страни и жената после сексот да лежи во подигната положба некое време. Пак ќе ти речам, никогаш не се знае, ништо не е сигурно, некоја може да забремени и ако и свршат надвор (не пред влезна врата), ретки се тие среќници ама и тоа се случува.
Devojki sakam da prasham neshto.. stomakot mi e jak kako drvo od shto e toa... mnogu sum zachudena.. toa mi se sluchuvallo ama mnogu oddamna mi se nema slucheno.. a vchera mi zavrshi ciklusot denes vidov na gakichkite golema kapka kafeava.. ima li mesto za panika?? :/
Јас знам дека се бесцелни, но можеби има некоја што ке ми каже од искуство.Ако така размислуваш за оваа тема зошто тогаш трошиш време на мене или на било која што поставила прашање во темава?
Од искуство? Па некоја затруднела, некоја не. Подобро некој да ви укаже што треба да правите, отколку да се полни со коментари, земи тест, земи апче, трудна си, не си, имаш право, немаш право. Ако веќе сакаш таков одговор, подобро земи си маргаритка и наместо ме сака, не ме сака, ти викај си бремена сум не сум. Е таква помош можеш да добиеш и тука. Наместо да прашуваш гаталци, паталци, подобро оди на гинеколог, колку по рано отидеш, толку подобро за тебе. Наместо времето кое го помина чекајќи одговори на форум, можеше да одиш да консултираш гинеколог. Во твојот случај, времето игра нај важна улога.
Извини ама морам да те демантирам... Веројатноста за забременување е иста во сите пози! Дури кога жената е горе пенетрацијата е поголема
мислам дека ти е од завршувајнето на менс....нема причина да паничиш.... се случува тоа понекогаш кај секое зенско тело...
Јас сум читала дека тие што потешко забременуваат треба да бидат во мисонерска поза и жената да стави перница под половината. Е подлабоко пенетрира ама кога фуче нагоре, паѓа надолу, а ова у хоризонтала иде само напред (потпомогнато од перницата, не се враќа )
Мислам дека тука грешиш подеднакви се шансите во сите можни пози, не се работи за „ Фучење“ нанапред и враќање наназад ( ова со Фучењево како да се на ролери па на удолница се тркалаат ) Сперматозоидите пливаат,и тоа не само во семената течност туку пливаат и во вагиналната слуз така да дали нагоре или надоле нив им е се исто тие си пливаат само во еден правец,кон јајце клетката во матката,тоест само напред. Можеш да замислиш еден огромен маратон 3 000 000 000 учесници и само еден е победник ( добро во некој случаеви и двајца и тројца ама најчесто само еден е победникот )