Се надевам дека ќе добијам совет од вас. Досега сум имала само 2 сексуални односи. Додека траеја имав страшно ужасни болки, меѓутоа немаше крв. Дали е можно сеуште да не сум скината или..? Имавме без кондом, но дечко ми не сврши во мене. Пред да добијам менструација ме болат градите недела дена. Еве сега минува и втора недела а сеуште ништо не се случува. Дали е можно да сум бремена? Утре со дечко ми ќе одиме на гинеколог, па пред да одиме сакав најпрво да се консултирам со вас.
^крварењето не е задолжително....а и тоа што немаш болки во градите не е никаков показател. Второ...дечко ти не свршил во тебе,сметам дека нема место за паника
не си бремена сигурно, но препорачливо е да си користите кондом, за во иднина, бидејки си млада, 18 години, а можеби овој партнер нема да ти биде прв и последен, а за дете ти е сеуште рано, барем јас така мислам
Денеска отидов на гинеколог, на контрола за предходно што кажав дека имам инфекција... иии, исто се пожалив на болка во јајниците, и ме прегледа на ехо,рече дека не се воспалени,можеби малце прехладени само,и затоа ме болеле...ииии, праша кога треба да добијам, и кажав дека денес или утре, и рече е па ок можеби и затоа те болеле... ии ниш др не кажа..па се секирам сеа, ако имаше нешто др, ке видеше најверојатно таа на ехото...
Знам дека постојат мали шанси,и дека ова прашање можеби и е глупаво,но сакам да ми одговорите. Дали доколку немам односи,односно сум невина,и имам химен и доколку партнерот сврши на моето тело , со допир на вагината спрематозоидите можат да навлезат внатре и да предизвикаат бременост. Истражував многу но прочитав секакви мислења Но не сретнав никаде одговор во кој можам да бидам сигурна..
nonamexoxo, најпрво добредојде на форумот не паничи, нема шанси....треба да си баксуз една во 10000, за да дојде до такво нешто. Луѓе имаат целосни незаштитени односи, и свршуваат во девојките па па не остануваат бремени, а не пак во твојот случај. Апсолутно уживај
ако ти е многу мал плодот нема шанси да се види на ехо ,затоа и било сумљиво и те прашала,а сеа да не те потресувам тоа се дел од симтопми за бременост ама немора да значи дека готово бремена си најубаво купи си тест SHURE CHECK најдобар е ако ти доцни поздрав
Требало да кажеш дека можеби се сомневаш дека си бремена, односно дека ти доцни мензисот, па прегледот ќе бил малку подетален (во секој случај и да има нешто, рано е да се види). Сепак, не мислам дека си бремена, како што наведе и сама, има доста фактори кои може да влијаат на доцнењето. Ако уште се сомневаш, купи си тест, ќе даде точен резултат, ако поминале две недели и повеќе од ризичниот однос.
можеби нема за што да се грижиш сепак оние треба да знат и видат за што се работи поточно.. така да не мисли дека имаш нешто туку дека веќе треба да ти дојдат деновиве
Ја не осеќам некој од раните симптоми на бременост, а знам дека и градите се дујат и потемнува делот околу пуките, и постојат вртоглавици, и лошење и некои промени во апетитот, повекје јаденје, па гаденје....ама ништо од тоа го немам.. Инаку, како што реков, имам инфекција, и пиев едено јако апче за тоа, и највеќе на тоа ми оди паметот, дека ми доцни заради тоа, а и ен знам баш дали ми доцни, зш не запишувам и не памтам минатиот месец дали ми дојде на 21ви или 26и.... битно, знам дека секој месец имам редовно нормално, и дека не ми иде точно на денот секад, варира, или порано или покасно, во зависност од климата..само што овој пат ме загрижи тоа што не ме болат градите.. а тоа ми е главен симптом мене...пошто за кичмата да ме боли можда и ме болела некад пред да добијам ама на тој симптом никад не сум обрнала внимание..ми излегуваат бубулици на лице исто,и тоа сега го имам..освен градите. затоа се грижам.. а се секирав пошто на гинеколог отидов зошто исто мислев дека можда и имам некое воспаление на јајниците, па можда затоа и симптомите ми се пореметиле..ама тоа го немаше...и валда да забележеше нешто таа ке спомнеше..јас и кажав дека сеуште неам добиено.. Инаку,, се сомневам за односот што сум го имала на 1ви овој месец, а од тогаш има доволно време поминато и за да се појави барем некој ран симптом, или пак да се глеа на ехо барем ја така мислам...или може грешам..битно и мн под стрес сум, ако иде, едвај чекам да ми дојде..
Еве пак ми касни веке 15 дена.Секогаш паника ме фаќа кога не ми доаѓа иако имаме со дечко ми заштитен однос.Многу ми е страв и се на тоа мислам дека и преку кондом можеш бремена да останеш.Еве чекам ли чекам и сеуште ништо немаа
Cleonika рано е уште да се види плодот треба да поминат 6 недели за да се види на ехо како што треба што е, како дали е бебе види не сакам да те исплашам само ќе ти кажам како ми беше мене со 2рата бременост исто ме болеа градите и јајниците и бубулици ми излегоа на челотот а се чудев, зошто јас никогаш не сум имала бубулици,значи кај секоја бременост е различно и немора да значи дека мора да те боли кичма дека ти потемнуваат пупките све тоа се знаци за бременост да ама не мора да значи дека треба сите симтоми да ги имаш за да знаеш дека си бремена ,и јас бев на ехо и кажав дека ме боли десниот јајник многу и она ми рече дека ништо немам а тогаш сум била може 3 4 недели е после некое време отидов и ми рече со среќа бремена си 8 недели затоа ти викам дека неможе да ти каже нешто што неможе да го види што е помало од ориз и затоа ништо не ти рекла ,јас не ти викам дека готово бремена си само ти кажувам мене како ми било е сега ќе си потрошиш 135 ден за SHURE CHECK бидејќи ми е најсигурен покажува резултат усште од првиот ден од задоцнувањето на менструалниот циклус да не се гриземе стегаме да не можеме да спиеме најубаво купи си тест и види дали си или не си мој совет
Ќе си запишуваш секој месец кога ти доаѓа за да не мора да паметиш. Па не ти доцни којзнае колку, а и симптомите на бременост не мора да се јават кај сите, и не по тој редослед и не сите се јавуваат во рана бременост. Ама штом веќе ти доцни, направи си тест, па ќе бидеш сигурна дали ќе добиеш или не. Може и од инфекцијата да ти доцни, ништо не е исклучено.
Оф, не знам што да речам мн се грижам леле... значи скоро сигурна сум дека не сум направила некаков инцидент ..ама мн сум под стрес еве и сега се тресам, и ги прочитав советиве ваши и коментариве, и уште повеќе се успаничив.... ми е страв да се разбудам секое утро..зошто сеуште не добивам се надевав дека после посетата на гинеколог ке се смирам пошто ке сметам дека нема ништо ако ништо не ми каже таа...ама еве не се смирив .... не знам што да прааваам
Па, така е, сресот е мн голема причина за доцнење на менструација... Мене сеуште не ми дојде... и денеска мислам дека бев на работ да полудам , А се спремам за на одмор.. па си купив тест конечно... и ми беше ептен страв да го напраам, зедов sure check , па пошто пишуваше дека е 99,9 проценти сигурен, веќе се стаписав, додека да видам што е.. и испадна негативен.. па се опуштив малце конечно,за да се спремам за на одмор како што треба..па се надевам барем вечерва или утре веќе ке ми дојде... .... поздрав до ситее
Не си бремена искулирај малце го знам чуството ја така се паничев више два месеци откако почнав со односи без кондом и заштита било каква ама сфатив дека трудна не се останува од плукни залепи и минатиот месец си добив и овој најнормално ако се чуваш ко што треба немаш гајле оди си мирна на одмор