Zdravo... aj objasnete mi a mojata situacija .... bev na odmor vo grcija i se vrativ na 10ti juli ... minatiot mesec vo luni ja dobiv na 19ti .... eve sega a dobiv na 16ti .... 4 dena mi podrani ... no i mi traeshe samo 4 dena .... a sekogas ja imam po 5-6 dena .... vlijae li klimata ili se raboti za nesto drugo ve molam kazete mi pozzz
Да, влијае климата. Ако си сексуално активна и сте имале незаштитен однос тогаш многу нормално дека би се работело за нешто друго (ако тоа е нештото на кое мислиш).
Несакам да те заплашам но само сакам да ти кажам на тебе и на сите останати што и се случи на моја другарка.Значи била 7 месец бремена ни она знаела ни никој среќа и се слошило ја однеле на лекар и така дознала.Да напоменам дека секој месец точно и доаѓаше и и траеше 6 дена и најнормално и течело ни да и се слоши ни пак гади ни меше и се познава ништо луѓе се најнормално немаше ни апетит ништо колку пати пијана си одеше дома и ред др работи али тоа била божја воља он и го чувал тоа дете.... само можам да кажам страшно ако ти било пишано ке биде и од тогаш секој втор месец си правам тест
Се изначитав сешто и сега ми е малку шубе, смешно не-смешно јас да си прашам. Треба да ми дојди на 21-22 (барем досега ми беше редовно на ист датум) - имајќи предвид дека се вратив од на море и брзо брзо синоќа (на 19-ти) имав секс со дечко ми (набрзинка )) - незаштитен. Иако тој ми рече дека не свршил во мене, јас осетив нешто топло Дали треба да се плашам???? Или да почекам деновиве???
Искрено логички кога би размислиле не би требало да си бремена бидејки се се случило на 19 а на 21 си требала да добиеш....Јас секогаш кога да се вратам од одмор или да сменам клима ми доци после тоа така да не паничи почекај си сигурно ке ти дојде
Еве јас овде повторно како најмногу да сум ја посетувала оваа тема. Пред некое време доста активно пишував во врска со мојот случај Дали сум бремена? Иако ми каснеше добри 40 дена плус имав незаштитен однос, можете да замислите кои патешествија беа тоа за мене тие денови. Ни Божиќ убаво си го прославив ни ништо. Но сакам да кажам, обично сите девојки им касни неколку дена и ајде готово скроена е капата на Петко. (Мислам на девојки кои се` уште не подготвени за бременост). Мора гинеколошки прегледи, значи не мора само заради бременост да доцни менструација, кај мене конкретно случајов за доцнење нон стоп е појавувањето на цисти, и во последно време сретнав и разговарав со многу девојки на кои им се откриени цисти, значи еден преглед многу работа ќе ви заврши, а таа работа е средување на мислите кои во тие денови се ненормално напумпани со секакви работи во врска со случајната бременост. Малку релаксирано и одма ќе дојде, нема каде да оде
Ве молам бидејки сум нова .... вечерва со дечко ми се случи нешто не посакувано имавме секс и тој сакаше да ми сврши на градите но од невнимание тоа се излеа малку подоле речи си близу до вагината се пласам дали е можно да се слчи несакан бременост а за неколоку дена би требало да добиам ви благодарам однапред
ke moze li dokolku ima nekoj sto e uklucen da mi pomogne ocajna sum strasno mi treba pomos bidejki ni jas ni on nesakame dete na 18god
^^ Не се грижи, не верувам дека има нешто... За да останеш бренана треба да сврши во тебе. Во случајов дечко ти свршил надвор, така да нема потреба за грижи. А и штом треба да добиеш за неколку дена, не ти се плодни деновите, со што шансите за бременост се уште помали....
Понекогаш самите си правиме да ни касни менструацијата. Психата многу придонесува во случајот. На пример, мене еве веќе ми касни 6 дена, али никогаш немав редовна менструација, башка имам и полицистични јајници али појше мислам дека од психа не ми доаѓа. А мислам дека нема потреба да се грижам, немам односи без кондоми, а и го терам да го вади пред да сврши и покрај кондомот, за секој случај. Ама... мозок ради док други спавају.
Девојки едно кратко прашање. Ако спермата се пробие преку некој материјал на облека и стигне до близина на вагита, дали е тоа само влага т.е клетките се изумрени или се смета како сперма (се надевам ме разбравте)
па нормално дека е сперма, неможе да е вода. Јас ти го сватив целиот случај, ти свршиле во близина на гаќите и си осетила влажничко и си викаш сега леле ако се пробијат внатре овие подвижните, и те фака пакина... Но не грижи се неможе да останиш трудна додека не ти биде свршено внатре на плодни денови, безбедна си
Мислам дека те разбрав што сакаше да прашаш спермата си е сперма како сакаш да речеш дали на панталони или било каде спермата е сперма ама мислам дека твојата дилема е си мислиш дека може да останеш бремена,немај гајле воопшто за да дојде до бременост треба да ти сврши во тебе а од ѓаќите не се шупува спермата сама да дојде на тоа место или пак твоите јајце клетки не стојат на ѓаќите биди си спокојна немаш за што да се грижиш мила поздрав до тебе.
Е токму така... фала девојки .. знам дека нема место за паника но сакав од вас да прочитам со свои очи иако јас не сум имала до сега воопшто секс така да уште толку сум спокојна
се надевам некојаод феминкиве минала низ истово па ке може да ми помогне на 22,06 имав последна менстуација на 06 07имав ризицен однос и по прв пат се напив норлево апце после 13 дена од односот направив тест и беше негативен еве денес е 22 а уште ми нема дојдено(во мегувреме бев на одмор) а пред 3 месеци бев на гинеколог ми каза дека имам мали цисти ако некој аимала сличен проблем да и касни после испиено норлево нека пише да напоменам дека после аплето немав никакво крваренје
Мене ми доцни веќе 9 дена, али јас на тестовите не им верувам многу, ќе си отидам вечер на преглед, а и без заштита со сопругот имаме односи веќе подолго време (сакаме бебе ) и мене ме болат градите, стомакот во долниот дел ме боли, акни на лицето ми излегоа.. но истото се случува и кога треба да добиеш менструација така да нема врска тоа.. ќе видиме што ќе биде..
значи не е можно тоа... стомахот не и растеше? како може 7 месеци да носи бебе во стомах, а да не е свесна за тоа? Или е била препуна, мислам со голема килажа, па не е знаела дали е сало или нешто друго... во секој случај, тешко за верување